Теозофија
Теозофија е доктрина на религиозната филозофија и метафизика, создадена од Елена Петровна Блаватска. Во тој контекст, теозофијата вели дека сите религии се обид на духовната хиерархија, махатма, со цел да им помогнат на луѓето да постигнат повисоко совршенство, и според тоа, сите религии содржат дел од вистината. Заедно со Хенри Стил Олкот и други, Блаватска го оформила Теозофското друштво во 1875 година. ИметоТеозофија буквално значи „божја мудрост" (грчки: θεοσοφία theosophia), и пред да го користи Блаватска, означувал неколку идеи: Терминот се појавува во неоплатонизмот. Филозофот Порфириј го користи овој термин, а индиските јоги го користат зборот `теозофија` со значење „мудрост во божјите работи“. Постои цела редица на ренесансни филозофи кои се под влијание на теозофијата: Корнелиус Агрипа, Парацелзиус, Роберт Флуд, како и Емануел Сведенборг. Оксфордскиот речник овој термин го дефинира како: „Систем на размислување кој се заснова врз знаењето за природата на божественото“, а во македонскиот речник на странски зборови е дефиниран како: „Празноверје во врска со господ и со божемните контакти со `задгробниот живот`.“[1] Белешки
Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia