Селисма
Селисма (грчки: Διασελλάκι, Дјаселаки, до 1927 година (грчки: Σέλισμα, Селисма)[2]) – село во Република Грција, во општината Дескати, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 2 жители. ГеографијаСелото се наоѓа на околу 7 км југозападно од градот Дескати, 70 км југоисточно од Гребен на надморска височина од 750 м. Земјиштето се наоѓа меѓу македонската река Бистрица и тесалиската Пенеј. ИсторијаЗа време на Османлиското ЦарствоСелисма се појавува како село во документ на манастир од Метеора во 1613-1614 година.[3] По присоединувањето на Тесалија на Кралството Грција во 1881 година, Селисма останува под власта на Османлиското Царство во рамките на Еласонската Каза. Новата османлиско-грчка граница минува на неколку километри јужно од селото. Според грчката атинска статистика од 1910 година во Селисма (Σέλισμα) живееле 34 Грци христијани.[4] Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Селисма станува дел на Кралството Грција. Во 1927 година името на селото е променето во Дјаселаки. ДемографијаПописиДвижењето на населението по години е следното[5]:
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia