Серж Пауелс
Серж Пауелс (холандски: Serge Pauwels; р. 21 ноември 1983) — поранешен белгиски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2006-2020 за екипите Топспорт Вландерен, Сервело ТестТим, Тим Скај, Омега Парма-Квик Степ, Тим Дименжн Дата и ЦЦЦ Дивилопмент Тим.[2] КариераКариерата на Пауелс започнала во 2004 во младинската екипа на холандската екипа Рабобанк. Исто така возел за нивната континентлна екипа во 2004 и 2005. Пауелс станал професионалец во 2006 со Чоколад Жак-Топспорт Вландерен, со кои возел и во 2007 и 2008. Пауелс го освоил планинскиот пласман на трката Тур Даун Андер 2007 и бил втор во шестата етапа на Тур де л’Авенир 2006 во Франција. По три години со Омега Парма-Квик Степ, Пауелс објавил во септември 2014 година дека ќе се приклучи на МТН Кубека од 2015 година на две години.[3] По четири години со Тим Дименжн Дата, Пауелс се префрлил во Ванти-Гобер за сезоната 2019.[4] ОбразованиеПокрај велосипедизмот, Пауелс поседува диплома за инженерство и работи на неговата магистратура во областа на применетата економија. Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia