Сетебос (месечина)
Сетебос е еден од најоддалечените повратни неправилни сателити на Уран .Откриен бил на 18 јули 1999 година од Џон Ј. Кавеларс. и привремено бил означен како S/1999 U 1.[4] ![]() Потврден како Уран XIX, овој сателит е именуван е по богот од Калибан и Сикоракс во драмата од Вилијам Шекспир - „Бура“ . Орбиталните параметри наведуваат дека можеби припаѓа на истото динамично јато како и Сикоракс и Просперо, што укажува на тоа дека имаат заедничко потекло.[5] Но, ваквото стојалиште не се совпаѓа со неговите забележани бои. Сателитот кога е осветлен има неутрална (сива) боја (боен показател BV=0,77, RV=0,35), [6] слична на Просперо, но различна од Сикоракс (кој е светло црвен). Кратерот на Умбриел е исто така наречен по Сетебос, но се пишува поинаку како Сетибос. ПоврзаноНадворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia