Скот ШепардСкот Сендер Шепард (англиски: Scott Sander Sheppard, р. 19 февруари 1976) — американски астроном, откривач на голем број месечини, комети и мали планети во надворешниот Сончев Систем.[1][2][3] Шепард е астроном во Одделението за земски магнетизам при Научниот Карнегиев институт во Вашингтон. Додипломските студии ги завршил на колеџот „Оберлин“ на Институтот за астрономија при Хавајскиот универзитет, каде веќе открил поголем број мали месечини на Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Исто така го открил и првиот следечи Нептунов тројанец, 2008 LC18 и првиот именуван водечки тројанец на таа планета, наречен 385571 Отрера. Овие откритија покажале дека Нептуновите тројанци патуваат по високонаклонети орбити и затоа веројатно потфатиле мали тела од другите делови на Сончевиот Систем. Астероидот 17898 Скотшепард од главниот појас откриен во 1999 г. е наречена во негова чест.[1] Откритија
Шепард бил водечкиот откривач на објектот со најдалечната позната орбита во Сончевииот систем 2012 VP113 (со прекар „Бајден“). Во 2014 г. сличноста на орбитата на 2012 VP113 со другите крајни објекти од Кајперовиот Појас ги поттикнало Шепард и Трухиљо да го предлоаат постоењето на непозната планета со суперземска маса (2-15 Земјини маси) во надворешноста на Сончевиот Систем, на далечина од 200 до 1.500 ае која ги води овие помали тела во слични орбити. Крајните заднептунци 2013 FT28 и 2014 SR349, објавени во 2016 г. чиј сооткривач е Шепард, понатаму покажуваат веројатно присуство на масивна планета по неколку стотини астрономски единици во нашиот Сончев Систем. Учествувал во откривањето на голем број мали тела во Сончевиот Систем како заднептунци, кентаури, комети и околуземски објекти. Открил тела кои се водат како можни џуџести планети, и тоа (471143) 2010 EK139, 2010 KZ39, 2010 FX86, 2013 FY27, 2013 FZ27 и 2015 KH162. Шепард е сооткривач на планетоидна месечина која кружи околу заднептунецот 341520 Морс-Сомнус.[2] По него и колегите се наречени две комети: Шепард-Трухиљо (C/2014 F3) и Шепард-Толен (C/2015 T5). Работел на откривање на низа неправилни месечини на поважните планети:[3]
Ги открил следниве Јупитерови месечини:
Ги открил следниве Сатурнови месечини:
Ги открил следниве Уранови месечини:
Ги открил следниве Нептунови месечини:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia