Скачковски манастир
Скачковски манастир — манастир во северниот дел на Македонија, во селото Скачковце. МестоположбаМанастирот се наоѓа јужно од селото, на рид над селото, каде и во минатото имало крст кај кој се собирале селаните на собор.[1] До манастирот води асфалтен пат, кој завршува со голем манастир во подножјето на ридот, од каде водат скали до самиот врв на ридот.[2] Манастирскиот комплекс зафаќа површина од 20 хектари, уредени со патеки, места за седење, фонтана, мала зоолошка градина и игралиште за деца.[3] ГрадбиВо склоп на манастирот влегуваат две цркви, камбанарија, параклис, 12-метарски крст подигнат во 1996 година, библиотека, чешма, конаци, споменици на Пресвета Богородица и Свети Климент Охридски, 3-метарско велигденско јајце и помошни објекти.[3] Црква „Св. Троица“Оваа црква е подигната заедно со целиот манастир во 2000 година. Црква „Рождество на Пресвета Богородица“Оваа црква започнала да се гради во 2021 година.[4] КонациМанастирот поседува нови конаци. ИсторијаМестото на кое е подигнат манастирот е познато како крстно место во селото. Како светилиште постои од XIII век.[3] Манастирот е изграден од познати вевчански мајстори по повод 2000 години од христијанството и осветен во 2001 година. Денес, во него се вршат крштевки, венчавки и молитви. Манастирот годишно го посетуваат над 5.000 ученици.[3] Како ктитор на манастирот се јавува прота Стојан Пајковски.[3] Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia