Серски Санџак
Серски Санџак (отомански турски: Sancak-i/Liva-i Siroz) — санџак на Солунскиот вилает се седиште во градот Сер, Егејска Македонија, иако половина од него бил во Пиринска Македонија. Сер потпаднал под власта на Османлиите ма 19 септември 1383 г. и првично бил вакуф на Евренос-бег, кој довел јуручки доселеници од Сарухан, денес во Ерменија. Иако никогаш не бил меѓу најзначајните во царството, во 1413-14 г. во Сер е отворена монетковница.[1] Во XVIII и почетокот на XIX век, Сер станал автономен беглик под управа на низа деребегови во состав на Солунскиот Санџак.[1][2] Кон 1846 г. Сер станал своја управна единица со танзиматски реформи како санџак на Солунскиот Ејалет (подоцна Солунски вилает) на територијата на Егејска и Пиринска Македонија, опфаќајќи ги градовите Драма, Валовишта, Неврокоп, Мелник и Лиса со нивните села. Набргу Драма се одвоила со свој Драмски Санџак. Во 1912 г. (последната година од своето постоење), Серскиот Санџак ги опфаќал следниве кази: Серска, Зихненска, Мелничка, Разлошка, Петричка, Валовишка (Тимурхисарска), Горноџумајска и Неврокопска.[2] Санџакот престанал да постои во 1912 г. со бугарската окупација на подрачјето за време на Првата балканска војна. Со Букурешки договор по Втората балканска војна во 1913 г. градот Сер и јужната половина од санџакот ѝ припаднале на Грција, а северната половина (и цела Пиринска Македонија) влегла во состав на Бугарија. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia