Снегоодалка
Снегоодалка или снежница или крпљи — обувки за одење по снег. Снегоодалката функционира со распределба на тежината на лицето на поголема површина, така што ногата на лицето нецелосно тоне во снегот, особина наречена „флотација“. Снегоодењето е форма на пешачење. Традиционалните снегоодалки имаат дрвена рамка на која се оптегнати кожени жици. Некои современи снегоодалки се слични со традиционалните, но повеќето се направени од материјали како што се лесни метали, пластика и синтетички ткаенини. Освен распределбата на тежината, снегоодалките генерално се подигнати на прстите за полесно маневрирање. Тие не смеат да лепат снег, затоа се користи решетката, и потребно е да се врзат за да се закачат на нозете. Во минатото, снегоодалките биле основни алатки за крзноловците, стапичарите и секој чиј живот или жиевеење зависело од способноста да се движи во областите на длабоки и чести снежни врнежи. Тие остануваат неопходна опрема за шумарите и други кои мора да бидат во состојба да се движат во области недостапни за моторизирани возила кога снегот е длабок. Сепак, снегоодалките денес главно се користат за рекреација, првенствено од страна на туристите и тркачи кои сакаат да го продолжат своето хоби во зима. Снегоодењето е лесно да се научи и во соодветни услови е релативно безбедна и евтина рекреативна активност. Сепак, снегоодењето на замрзнати, стрмни терени може да биде опасно. РазвојПочетоци![]() За појавата и пориодот на користење на снегоодалките не се знае многу, иако повеќето од историчарите веруваат дека снегоодалките се измислени пред околу 4000 - 6000 години, најверојатно започнувајќи од Средна Азија.[1] Британскиот археолог Џаки Вуд претпоставувал дека опремата за која се тврди дека е рамка од ранец на енеолитската мумијата Еци е всушност дел од снегоодалка.[2] Страбон напишал дека жителите на Кавказ прцврстувале рамни површини од кожа на своите стапала како и рамни дрвени штици. Како и да е, „традиционалните“ снегоодалки како што ги знаеме денес имаат нпосредно потекло кај домородното население во Северна Америка, како на пр. племињата Хурон, Кри и тн..[3] Самуел де Шамплан во своите патеписи напишал, (мислејќи на племињата Хурон и Алгонквин):„Зиме, кога има многу снег, тие (индијанците) прават еден вид снегоодалки кои се два до трипати поголемо одошто тие во Франција, ги врзуваат на своите стапала и така одат врз снегот без да пропаѓаат во него, инаку не би биле способни да ловат или да одат од едно место до друго.“ снегоодалките кај домородното население во Северна Америка![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Домородното население во Северна Америка ги развило најнапредните и најразновидните снегоодалки до почетокот на XX век. Различните облици биле прилагодени кон различните услови во секоја област.[4] И покрај големата разновидност во облиците, снегоодалките се всушност еден од неколкуте културни елементи заеднички за сите племиња кои живееле онаму каде има снежни зими, всушност, во Северните делови на Северноамериканскиот континент. Скоро секоја култура од американските староседелци развила свој особен облик на снегоодалка, од кои наједноставните биле оние во далечниот север.[5] Иниутитие имале два вида, едните триаголни во облик и околу 46 cm во должина, а другите скоро кружни, и обата вида ја остликуваат потребата за што помало пропаѓање во длабок, растресит и прашнест снег. Како и да е, наспроти општоприфатеното верување, Инуитите не ги коистеле многу своите снегоодалки бидејќи повеќето од своите патувања во зима ги правеле преку морски мраз или преку тундрата, каде снегот не се наталожува до толку голема мера. Кон југ крпљете станува сè потесна и подолга, едни од најголемите се ловечките снегоодалки од племето Кри, кои се скоро 1,8 m долги и завиткани нагоре во предниот дел. Карпљите од Aтaпaска се направени за брзо движење врз сув прашнест снег преку рамни, отворени простанства во Алјаска и Канадскиот Североисток. Тие биле користење за движење покрај санки со кучешка запрега, како и пробивање патека за истите. Може да бидат долги и до 2,1 m, и се тесни со предниот дел завиткан нагоре.[4] снегоодалките од племето Оџибва се направени за лесно маневрирање, и се зашилени и на преднио и задниот дел, и со тоа со нив може полесно да се чекори наназад. Исто така лесно е изработуваат, бидејќи надворешната рамка се прави само од два дела..[4] Племето Хурон имале снегоодалки кои биле потешки во задниот дел, што ги прави полесни за движење нанапред но не бш лесни за скршнување. Доволно се широки така што најголемата широчина од едната снегоодалка да биде покрај задниот тесен дел од другата снегоодалка, и со тоа чекорењето не треба да биде со премногу раширени нозе.[4] снегоодалките развиени од страна на ирокезите се потесни и пократки, отсликувајќи јапотребата за маневрирање во шума. снегоодалките во облик на мечкина шепа се нашироки користени во густите шуми во Квебек and Лабрадор. Немаат опашест заден дел, и со тоа со нив полесно се скршнува.[4] Домородното население од Средишние низини од Северноамериканскиот Континент носеле снегоодалки во сезоната на зимски лов на бизон пред да почнат да користат коњи. Користење на снегоодалките во ЕвропаКористење на снегоодалките во Евроазија пред контактот со Американскиот континентIВо 2016 година, „најстарата (пронајдена) снегоодалка во светот“, најдена во глечер кој топи во Доломинитите во Италија, се претпоставува дека е од 3800 and 3700 година пр.н.е. Станува збор за снегоодалка со груба рамка.[6][7][8] „снегоодалките-скии“ направени од полно дрво, всушност кратки и широки верзии на традиционалните скии, се користеле во Евроазија. Тие биле направени од лесни дрва како бор. Тенките скии било попопуларни. И обата вида на скии и снегоодалки биле прекриени со крзно за да не лизгаат надолу при искачување нагоре по стрмнина.[9] Во 2016 година, „најстарата (пронајдена) снегоодалка во светот“, најдена во глечер кој топи во Доломинитите во Италија the oldest [extant] snowshoe in the world", found in a melting glacier in the Dolomites in Italy, was dated to between 3800 and 3700 BCE. It was a crude frame snowshoe.[7][8][9] Користење на снегоодалките во ЕвропаКористење на снегоодалките во Евроазија пред контактот со Американскиот континентПраисториски (791–540 пр.н.е) „крпљи-скии“ направени од полно дрво пронајдени во планинските ледници во Норвешка. Изрезбаната хоризонтална дупка се користела за да се врзат за стапалото, како традиционалните европски скии (кои по сè изгледа дека биле повеќе распространети); долниот дел не е потрошен, што значи најверојатно бил прекриен со крзно за да не пролизгува.[9] Слични Источносибирски обувки од 1800-тите години, од народот Чукчи. Се забележуваат крзната против пролизгување. Во 2016 година, „најстарата (пронајдена) снегоодалка во светот“, најдена во глечер кој топи во Доломитите во Италија, се претпоставува дека е од 3800 and 3700 година пр.н.е. Станува збор за снегоодалка со груба рамка.[6][7][8] „снегоодалките-скии“ направени од полно дрво, всушност кратки и широки верзии на традиционалните скии, се користеле во Евроазија. Тие биле направени од лесни дрва како бор. Тенките скии било попопуларни. И обата вида на скии и снегоодалки биле прекриени со крзно за да не лизгаат надолу при искачување нагоре по стрмнина.[9] Во северозападниот дел од Северна Америка во раниот XX век, Роалд Амундсен ги споредил Норвешките скии изработени од полно дрво кои ги користел со снегоодалките од меснот население кои ги користеле неговите придружници во патувањата; проценил дека во одредени услови скиите се побрзи, но и снегоодалките се побрзи во други.[10]
По контактот со американскиот континентснегоодалките од северноамериканскиот вид биле приватени од Европејците за време на раниот колонијализам во на териториите кои подоцна станале Канада и Соединетите Држави. Француските трговски патници кои низ Северноамериканскиот континент превезувале и продавале крзно, започнале да патуваат низ терторијата на племето Кри, Хурон и Алгонквин во доцнииот XVII век за да ловат животни и тргуваат со добра. За да можат да патуваат ефикасно во теренот и климата, ги користеле алатките на домородното население, како снегоодалки и кануа. Оксфордскиот речник изјавува дека зборот „snowshoe“ (снегоодалка) се користи кај англичаните уште од 1674 година. Во 1690 година, откако Француско-Индијанска ограбувачка група нападнала Британска населба близу денешен Скенектади, Њујорк, Британците зеле снегоодалки и ги бркале напаѓачите скоро 80 km, и на крајот си ги зеле назат и луѓето и добрата грабнати од страна на напаѓачите. снегоодалките станале популарни и во времето на Француско-индијанските војни, за време на траењето на т.н. Битка на снегоодалки, каде борците од обете страни носеле снегоодалки на снежната покривка која, според изјавите изнесувала 1,22 m. снегоодалките во облик на „капка солза“ биле користени од страна на дрвосечачите и се долги околу 1,0 m и соодветно широки, додека снегоодалките на тргачите се долги над 1,5 m и доста тесни. Овој облик е стереотипна за снегоодалките, и наликува на тениски рекет, па од таму и францускиот назив за снегоодалка е raquette à neige (рекет за снег). Овој облик е копиран од страна на Канадските клубови за снегоодалки во доцниот XVIII век. Цел на нивното основање е воена обука, станале првите рекреативни корисници на снегоодалки. Клубовите за снегоодалки како Монтреалскиот клуб за снегоодалки (1840 год.) ја скратиле снегоодалката во форма на капка на 100 cm во должина и 38 – 46 cm во широчина, малку завиткувајќи го предниот дел нагоре, а задниот дел завршува во еден вид опаш. Со ова тие направиле доста лесна снегоодалка за тркачки намени, но доста цврста за патување и лов. Опашот на снегоодалката ја чува права при чекорење. ![]() Друга варијанта, снегоодалката во облик на „мечкина шепа“, задниот дел е завиткан но не е шилест. Во минатото многу ентузијасти тешко се привикнувале на ова, бидејќи ваквие снегоодалки се пошироки во средината и доста незгодни и гломазни, имаат предност во тоа што лесно се пакуваат и не зафаќаат многу простор. Развиени се два облици на традиционалните снегоодалки во облик на мечкина шепа: иточната верзија е користена од луѓето кои собирале смола од оморика и се состои од овална рамка со дрвени пречки, а западната верзија се состои од заоблена триаголна рамка и без дрвени пречки. Tрaдициoнaните снегоодалки се прават од една летва од цврсто дрво, најчесто од бел јасен (Fraxinus americana), закрвено во заоблена рамка и прицврстено на краевите а на средината притегнато со лесна дрвена пречка. Просторот во рамката е испреплетен од мрежа од кожа од ирвас исечена на тенки врвци, а оставен е само мал отвор зад пречката за предниот дел од од стапалото во мокасини. Ваквите снегоодалки се прицврстуваат за мокасините со помош на кожени ремени, некогаш со помош на токи. Ваквите снегоодалки и ден денес ги исработуваат и продаваат домородците во Америка. Во споредба со модерните снегоодалки изработени од американските домородци, снегоодалките од дрво и кожа изработени во Европа имаат полабаа и поедноставна плетка, со пошироки кожени врвци, а со тоа и поевтини за изработка.[4] Како и да е, ваките снегоодалки може да пропаѓаат повеќе во прашнест снег. Модерни снегоодалки![]() Покрај домородното население во Америка и некои натпревари како на пример Актичкие Зимски Игри, всушност веќе многу малку од стромодните снегоодалки се користат од страна на ентузијасти, иако има вредност во занаетчиската вештина за нивната изработка. Тие некогаш се користат како украси, поставени на ѕидовите над огништата во планинските куќи. Иако многумина од ентузијастите претпочитаа алуминиумски снегоодалки, сè уште има голема група на ентузијасти што користат снегоодалки и повеќе претпочитаат дрвени снегоодалки. Дрвените рамки не мрзнат толку бргу. Многумина исто така претпочитаат дрвени снегоодалки затоа што се многу тивки. Додека рекреативното користење на снегоодалки започнало со клубовите за снегоодалки во Квебек, Канада (кои организирале настани каде трките биле комбинирани со добра храна и пијалак), производството на снегоодалки за рекративна намена целисходно запонала во доцниот XIX век, кога сероизното рекративно користење на снегоодалки станало пораспространето. Во доцниот XX век снегоодалката поминува низ коренито преобликување. Започнува во 1950-тите години кога Вермонт-скиот производител „Tubbs“ го создава моделот „Green Mountains Bearpaw“, со што се комбинира краткиот облик на тој вид со уште потесната широчина користена претходно (Pospisil 1979). Ова бргу станува еден од најпопуларните видови на снегоодалки во своето време. „Западот“Во 1972 година, експериментирајќи со новите облици во Вашингтонските Каскадни Планини, Џин и Бил Пратер ги создале снегоодалките кои ги знаеме денес. Тие започнале да користат алуминиумски цевчиња и плетените кожени врвци ги замениле со подлога од неопрен и најлон. За да може поедноставно да се користат за планинарство и алпинизам, Пратеровите развиле и посебен систем за врзување на снегоодалката кон обувката, и шилци како крампони на долната страна на снегоодалката. Во Источниот дел од САД корисниците на снегоодалки најпрвин биле скептични, верувајќи дека оваа конструкција е непотребна во источниот дел, сè додека Пратеровите ја покажале зголемената цврстина на овие нивни снегоодалки на планината Вашингтон во Њу Хемпшир. Кај овие снегоодалки се користи рамка од алуминиум или не'рѓосувачки челик и користи технолошки напредни решенија со пластика и вбризгано лиење во калапи сè со цел да се изработи полесна и поизржлива снегоодалка. Ваквите снегоодалки налагаат малку одржување, и најчесто имаат вградени шилци слични на дерези. Некои модели, како на пример „Денали“, не користат метална рамка и на нив може да бидат поставени и продолженија на опашот. Поновите модели имаат по подигнувачи на петицата, за да потпомогнат при движење на нагорнини. Користењето на цврста подлога наместо плетена била изненадување за многумина ентузијасти, бидејќи долго време се верувало дека плетката е неопходна за да се спречи наталожување на снег на долната страна на снегоодалката. Како и да е, во пракса се покажало дека многу малку снег пробива низ отворите на било кој вид на снегоодалка. Неопренските и најлонски подлоги исто така покажаа супериорна водоотпорност, а и не се истегнуваат како кожните кога ќе се намократ ниту им е потребно премачкување со бродски лак, и овие својства на модерните снегоодалки станале доста ценети. На крајот се заменети со уште полесни материјали како полипропилен. Со ова се стигна и до појавата на снегоодалки на надувување направени од различни платна како кордура или термопластичен полиуретан (ТПУ). Овие конструкции на снегоодалки се за поатплетска намена, и помогнаа спортот да доживее преродба по периодот на намалената популарност кога луѓето кои се рекреираа на зима најчесто го одбираа скијањето. Во САД, бројот на луѓе кои рекреативно се движат со снегоодалки се има тројно зголемено за време на 1990-тите години. Всушност, многу скијачки центри со достапен терен веќе им нудат патеки за пешачење со снегоодалки на своите гости, и некои попиларни области за пешачење, излети и планинарење имаат ист број на посетители како и за ремена топлите летни викенди. Некои модерни снегоодалки имаат рамки кои имаат вертикални рабови наместо цевки, и со тоа целите рабови на снегоодалката добиваат функција на дереза.[11] Избор на снегоодалки![]() Како што многу зимски рекреативци повторно го откриваат пешачењето со снегоодалки, многу повеќе нови модели на снегоодалки стануваат достапни. Скијалиштата и продавниците за опремаза спортови во природа нудат и снегоодалки за изнајмување. Денешните снегоодалки се поделени на три вида:
Големините се изразени според должината капрњата, иако снегоодалките не се потполно правоаголни. Планинарските снегоодалки се барем 70 cm долги 25 cm широки, полесен пар на снегоодалки за трки може да бдат малку потесни и долги 64 cm или пократки. Без разлика од намената и големината, сите дрвени снегоодалки се нарекуваат „традиционални“ снегоодалки, а сите снегоодалки изработени од други материјали се наречени „модерни“ снегоодалки. И покрај овие варијации во намената за која би се користеле, потешките луѓе треба да планираат да купам погоеми снегоодалки. Вообичаена формула е дека за секој килограм телесна маса, потребни се 14,22334330711956 квадратни центиметри површина на снегоодалката. Корисниците на снегоодалките исто така треба да ја земат предвид и вкупната заедно со опремата и облеката која ќе ја носат при движење со снегоодалките, особено доколку разгазуваат неразгазен снег. Оние кои планираат да се движат низ подлабок снег треба да користат уште поголеми снегоодалки. Денес многу поризводители вклучуваат вредност за колкаво оптоварување се наменети нивните снегоодалки, иако нема некој одреден стандард за тоа. Поврзување на снегоодалките за обувките![]() ![]() Како што често е случај и со алпските скии, снегоодалките со дрвена рамка и соодветните ремени за врзување најчесто се продаваат и купуваат одделно отколку заедно. Најчесто станува збор за врзување во облик на буквата „Н“, каде е една платнен ремен кај петицата се прекрстува со друга од предниот дел и уште една над лакот на стапалото, наликувајќи на буквата „Н“. На моредните снегоодалки, постојат два начини на врзување за стапалата: со фиксна ротација (познато и како „ограничена ротација“) и со полна ротација (познато и како „ротационо“ или „вртливо“) врзување.[12] Со било кој систем на врзување, петицата останува слободна, и разликата е како предниот дел од стапалото е прицврстено за снегоодалката. Први врзувањето со фиксна ротација, снегоодалката е прицврстена за стапалото со еластична лента која го крева опашот на снегоодалката при секој чекор. На тој начин снегоодалката се движи заедно со стапалото и опашот не се влечка. Ова се претпочита за трки.[13] Врзувањето со полна ротација овозможува предниот дел остапалото да се извртува под платформата на снегоодалката. На тој начин шилците кои се на предниот дел од стапалото навлегуваат во површината на тлото при движење на нагорнина, но се релативно нездогни за странични чекорење и одење наназад затоа што опашот на снегоодалката се влечка и може да заглавува. При врзувзњето со фиксна ротација често снегот се исфрла на задниот дел на нозете на корисникот, ова не се случува со врзување со полна ротација. Повеќе плантени ремени, најчесто три, се користат да да се врзе стапалото за снегоодалката. Некои видови врзување имаат еден вид чашка за предниот дел на стапалото. Важно е да може векое врзување и одврзување да се прави лесно, бидејќи истоо би се правело надвор во студено време најчесто со голи раце, со што се изложуваме на опастост од смрзнотини. Кога се ставаат снегоодалките на нозе, левата се разликува од десната по тоа што слободните краеви од ремените секогаш треба да шртчат нанадвор, за се спречи нивното ненадејно газење. Во 1994 година, Бил Торес и негов помлад соработник развиле нагазни везови за снегоодалки, направени за полесно поставување на тврди пластични обувки (за алпинизам и планинарство) и да се менува од носење дерези или носење на снегоодалки по потреба. Дополнителна опрема![]() При пешачење со снегоодалки најчесто се користат стапови за пешачење за да се одржува рамнотежа на снегот. Некои производители започнаа да произведуваат посебни модели на стапови за користењео со снегоодалки, со поголеми тркалца/снегоодалки на врвот заради помало пропаѓање во снегот одошто кај скијачките стапови (кои иста така можат да се користат). Освен тоа, не е потребна некоја посебна дополнителна опрема. На повеќето видови обувки може да се поврзат снегоодалки, иако обувките за пешачење се избор кој се претпочита за рекреација, освен за трки, кга се користат патики за трчање. Како и да е, обувките за скијање функционираат само со одредени снегоодалки, инаку скијачите кои би сакале да користат снегоодалки за пешачење низ длабок снег би требало да носат други обувки за деловите каде планираат да пешачат со снегоодалки. Доколку се оди во длабок снег, потребно е да се носат камашни за снегот да не може да навлезе во внатрешноста на обувките. Некои производители на своите снегоодалки ставаат прекривки за предниот дел или пак целата обувка за да ја обезбедат истата заштита од снегот. Потребно е да се носи некое средство за носење на снегоодалките, особено доколку подрачјето кај што се пешачи не налага во целост употреба на снегоодалки. Некои производители на ранци имаат конструирано посебни ранци со платнени ремени на кои можат да се прицврстат снегоодалки. Исто така и производителите на снегоодалки започнаа некои торби за своите производи, барем со причина да се обезбеди заштита од шилците на долната страна од снегоодалките да оштетат површини со кои ќе дојдат во допир. Бидејќи пешачењето со снегоодалки вообичаено со одвива во студено време, најчесто се носи облека во слоеви и се носи соодветна опрема. Teхники кои се користат при пешачење со снегоодалки![]() снегоодалките најдобро функционираат кога има доволно снег под нив за да се набие во слој помеѓу нив и тлото, најчесто при снежна покривка од 20 cm или повеќе. Како и да е, наспроти општоприфатеното верување, снегоодалките не се однесуваат баш добро на многу замрзнат и стрмен терен. Споредено до дерезите, дури модерните снегоодалки од релативно ниско ниво многу слабо држат на мраз. Вообичаено е оние кои за првпат почнуваат да пешечат со снегоодалки да се движат на стрмни падини кон врвот и потоа да имаат проблеми при симнувањето надолу, што го прави симнувањето потешко од искачувањето. При услови со поеќе мраз потребни се алпинистички вештини и техники како и снегоодалки конструирани и наменети за движење во алпски и леднички терен.[14] ОдењеНачинот на одење е таков при кој малку се поткреваат снегоодалките и, како и при пошироки снегоодалки, да се лизнат внатрешните рабови на снегоодалките еден над друг, со тоа се избегнува снегоодалките да запнуваат на глуждовите што е неприродно и заморно. СкршнувањеВештините за одење лесно се применуваат при движење со снегоодалки во права линија, но ова не е постојано случај, особено при вртење и скршнување. Со снегоодалките може и најчесто се прави, доколку просторот тоа го задоволува, едноставно одење во мал полукруг, на стрмна падина или на кратки растојанија како во тајга ова е непрактично или невозможно. Затоа неопходно е да се направи завртување во место за 180 степени, слично како на скии: се крева едното стапало доволно високо за целата снегоодалка да биде во воздух додека со другата се стои врз снегот, се става стапалото под прав агол до однос на другото стапало, (или што е можно поблизу како што налага теренот или личното претпочитање на удобност) па се поставува врза снегот и бргу се прави истото движење и со другото стапало. Ова многу полесно се прави доколку се користат и стапови за пешачење. Искачување![]() Додека напредокот во шилците и својствата против пролизгување кај модерните снегоодалки во голема мера го имаат олеснато користењето на снегоодалките при искачување на стрмни падини, на многу стрмни падини сè уште е корисно да се забиваат предните делови од снегоодалките со што се создаваат еден вид скалила, корисни и за наредните луѓе кои ќе поминат низ патеката. Исто така, при движење со снегоодалки може да се користат техниките позајмени и од скијањето: движење на нагорнина со предните делови раширени за задните споени или пак странично чекорење. За оние кои користат стапови а пешачење со снегоодалки, полесно е да се потпираат на стаповите и да се „оттурнуваат“ со нормален чекор нагоре по стрмнината. Спуштање![]() Откако ќе се разгази некоја патека на планина или рид, луѓето кои се движат со снегоодалки често бараат начини да го забрзаат пешачењето надолу а тоа да биде забавно и да ги одмори мускулите од нозете: со лизгањето низ патеката, или со лизгање на задникот. Ова не ја уништува патеката, всушност помага снегот подобро да се набие за следните луѓе кои ќе поминат. Во случаи кога снегот на патеката мора да се разгазува и надолу и не е можно лизгање, некогаш со снегоодалките се трча надолу со претерани чекори, лузгајќи сосем малку на снегот, еден вид лизгање и чекорење. Исто така е делотворно е кога стаповите за пешачење се ставаат напред. Доколку оние кои носат стапови се доволно искусни, можат да користат скијачки техники како оние во телемарк скијањето.[се бара извор] Пробивање на патека![]() При новонападнат снег потребно е да се пробие, да се разгази патека со снегоодалки. Ова е заморно (потребно е околу 50% повеќе енргија отколку да се следи некој кој го разгазува снегот) дури и на рамен терен, и често во групи поединците се менуваат за напорот да се распредели на сите учесници. Оној кој ја пробива, разгазува патеката може да го подобри квалитетот на истата со користење техника слична на чекорот за одморање при пешачење, со посилно нагазување: се прави кратка пауза по секој чекор пред да се префрли оптоварувањето врз стапалото. Со ова за израмнува снегот и подобро се набива за следните кои пешачат. Добро разгазена патека најчесто претставува ров во снегот околу 15 – 20 cm длабок и 61 cm широк. Додека може да изгледа дека по често користење може да се гази без снегоодалки низ ваква патека, ова не е оправдано, и се прават преголеми дупки од обувките без снегоодалки, бидејќи снегот набиен од снегоодалки не е доволно набиен за да се гази врз него без снегоодалки а да не се пропаѓа. Во услови на мек снег, да се следи патека претходно пробиена со турно-скии може да биде тешко со снегоодалки. Покрај тоа, бидејќи снегоодалките ги уништуваат патеките за скијање, многу скијалишта налагаат да не се движи со снегоодалки по патеките за скијање. Трагата која ја оставаат скиите е потесна одошто онаа направена од снегоодалки, и снегот е помалку набиен затоа што при движење со скии не се пропаѓа како при движење со снегоодалки. Доколку снегот е длабок и мек, со снегоодалки може а се пропаѓа ако се двиѓи низ трага од скии. Во повеќето случаи трагата од скии нуди мала предност и разгазување на одеелна патека за снегоодалки им овозможува и на оние кои пеѓачат со снегоодалки и на скијачите да имаат позитивно искуство и се избегнува наидувањето на скијачите кои често се незадоволни што патеките се разгазени од снегоодалки и уживањето во скијањето е во одредена мера намалено. Придобивки![]() Пешачењето со снегоодалки ги зголемува можностите за физичка активност на отворено и зиме. Сè до 2006 година, барем 500 училишта во САД, повеќето не не исклучиво во североисточниот дел започнаа да вклучуваат пешачење со снегоодалки во програмата како дел од часовите по физичко воспитување како борба против зголемената телесна маса. Исто така постои и дополнителна придобивка дека пешачењето со снегоодалки е понежно одошто пешачење или трчање на истите патеки, бидејќи снегот ги ублажува ударите врз стапалото. Од истата причина, е помалку штетно и за околината, бидејќи снегот исто така ги ублажува ударите кон земјата од многумина кои пешачат, намалувајќи ја ерозијата и другите дејства од прекумерно користење на патеките. Пешачењето со снегоодалки ги прави и веќе познатите патеки за пешачење различни и нови. Им овозможува на луѓето да ги истражуваат тешкодостапните места во снежните предели, а кога снегот е доволно длабок, пречките како големите грамади камења или паднатите стебла лесно се преминуваат. Несакани дејстваМалку зголеменото пешачење со снегоодалки може да доведе до мало закржлавување на стапалата и глуждовите поради невообичаениот од потребен за да се поткрене снегоодалката над површината на снегот. Канадските трговски патници во минатото ова го нарекувале „болест на снегоодалки“. Ова може да биде и многу опасно за некој што се наоѓа во оддалечена област. Иако модерните снегоодалки се полесни и поудобни, болеста на снегоодалките е сè поретка, сепак, постои опасност од оние кои подолго пешачат со снегоодалки. Во минатото, многумина кои се движеле со снегоодалки користеле лекови за ослободување од болка како трамадол за да си го олеснат движењето на нозете при итен случај. И покрај тоа, кај многумина кои пешачат со снегоодалки, на нозете, а особено на мускулите на листовите, им треба време да се навикнат н движењето со снегоодалки на почетокот на секоја зима. Често после првите сериозни тури им предизвикува продолжена болка во мускулите. Во гнил снег, доколку се гази на традиционалните снегоодалки каде оптоварувањето е само на предните и задните краеви, може да предизвика кршење кај традиционалните снегоодалки. Недостатокот на снегоодалки може да биде и животнозагрозувачки кога се наоѓаме далеку од помош.[11] Зимска рекреација![]() Повторната појава на интерес за пешачење со снегоодалки во доцниот XX век во одредена мера се должи на сноубордерите, кои користеа снегоодалки за да стигнат до места со прашнест снег подалеку во планината и други простори кога сè уште било забрането да се вози сноуборд воповеќето скијалишта. Сличноста на снегоодалките со сноубордот, во обликот и начинот на врзувње, доведе до тоа многумина сноубордери да користат снегоодалки и дури откако им било дозволено да возат сноуборд на повеќето скијалишта. И покрај тоа што денес повеќето скијалишта се отвоени за сноубордери, има зголеме интерес а возење сноуборд околу скијачките центри, во потрага по свеж прашнест снег. Скорешниот развој на сплитбордот им овозможи на сноубордерите да се движат надвор од скијалиштата без употреба на снегоодалки. Некои скијачи исто така користат снегоодалки за да стигнат до некои области. Друга популарна активност, особено меѓу планинарите е комбинација од трчање на скии на рамните делови, а на деловите кои потешко би се скоијале се преминува со снегоодалки. НатпревариТрчачите веќе имаат сфатено дека користењето на лесни снегоодалки им овозможува да продолжат со тренинзи и трки во време зиме. Исто како и трките во потопло време, ваквите трки покриваат различни растојанија, од спринтови oд 100 m па сè до 100 km-ска трка. Постојат и трки со пречки. Деловите со снегоодалки станаа значаен дел и од натпреварите во повеќе спортови, вклучувајќи и дел со снегоодалки во четирибојот (квадратлонот). Некои натпреварувачи како Сали Едвардс и Том Собал станаа и ѕвезди. Додека натпреварите со снегоодалки постојат уште откако постојат и самите снегоодалки, како организиран спорт се релативно нови. во САД постои Асоцијација на спортови со снегоодалки во САД и е основана во 1977 година и служи како упрвно тело за натпревари со снегоодалки. Се наоѓа во Коринт, Њујорк, кој се смета и за „Главен град за снегоодалки во светот“ како резултат на ова. Слични организации, како Европскиот комитет за снегоодалки и јапонскат мрежа Чикју, постојат и во други земји а постои и натпреварувачко ниво. Трките со снегоодалки се дел и од Арктичките зимски игри и на Специјалните олимписки игри. Како и да е, сè уште не е дел од олимписка дисциплина. Одржување и поправкаНа летените кожени врвци кај традиционалните снегоодалки, како што е наведено погоре, им треба редовно импегнирање. Бродскиот лак се претпочита за премачкување на традиционалните снегоодалки. Благо брусење со брусна хартија е препорачливо пред да се нанесат 3 слоја бродски лак. На модерните снегоодалки не им е потребно некое одржување освен острење на шилците по желба или потреба. Како и да е, обата вида на снегоодалки можат да се скршат. Најчесто оштетување кое се случува е на рамката, кое може привремено да биде санирано со стапче или парче дрво по потреба. Платформата ретко се кине, а доколку се дупне и изгледа дека дупката може да се прошири, најдобро е да зе закрпи или залепи како што се поправа и шаторско платно. Пластичните стеги за врзување кабли може да користат на многу начини за поправка на снегоодалки. Во нужда можат да ги зацврстат скршените рамки од снегоодалките, да заменат скршена нитна, да заменат ремен но и да поправат и зимска облека. Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia