Снежана Стамеска (Скопје, 1 јануари 1946 - Скопје, 8 септември 2024)[1] – македонска филмска и театарска глумица. Член на Драмски театар – Скопје од 1971 до нејзиното пензионирање во 2010 година.
Животопис
Снежана Стамеска е родена во Скопје на 1 јануари 1946 година. Дипломирала на Театарската академија во Белград (1970) и веднаш по дипломирањето е вработена во Драмскиот театар – Скопје, каде одиграла 70-тина улоги.[2]
Починала на 8 септември 2024 година во Скопје, на 78-годишна возраст.[3]
Творештво
Во својот глумечки живот остварила бројни и забележителни театарски и филмски улоги.
Театарски претстави
- Косара — Владимир и Косара од Стеван Таневски, р. Тодорка Кондова-Зафировска, Драмски театар - Скопје 1971;
- Црна комедија од Питер Шефер, р. Васил Ќортошев, Драмски театар - Скопје 1971;
- Злата — Свадба од Васил Иљоски, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1972;
- Анѓа — Хамлет од Долго Гаштани од Иво Брешан, р. Љупчо Тозија, Драмски театар - Скопје 1973;
- Марија — Војцек од Георг Бихнер, р. Борко Зафировски, Драмски театар - Скопје 1973;
- Арманда — Учени жени од Жан Батист Поклер Молиер, р. Мата Милошевиќ, Драмски театар - Скопје 1973;
- Рут — Дејство на гама зраците врз сенишните невени од Пол Зиндел, р. Наум Пановски, Драмски театар - Скопје 1973;
- Цена — Јане Задрогаз од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1974;
- Изабелита — Достага на самиот врв од Коле Чашуле, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1975;
- Лица — Ослободување на Скопје од Душко Јовановиќ, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1978;
- Пандора — Солунски патрдии од Миле Попоски, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1979;
- Вера — Диво месо од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1979;
- Расел — Васа Женезнова од Максим Горки, р. Димитар Ќостаров, Драмски театар - Скопје 1980;
- Свршеничката — Крвави свадби од Федерико Гарсија Горки, р. Крум Стојанов, Драмски театар - Скопје 1981;
- Магда — Преспански круг со црвена боја од Миле Неделкоски, р. Владимир Милчин, Драмски театар - Скопје 1983;
- Јадигар од Васе Манчев, р. Борко Зафировски, Драмски театар - Скопје 1983;
- Умна глава од Оливера Николова, р. Кирил Ќортошев, Драмски театар - Скопје 1983;
- Вера — Среќна нова '49 од Гордан Михиќ, р. Слободан Унковски, Македонски народен театар 1985;
- Паца — Викенд на мртовци од Миле Попоски, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1985;
- Зоја — Зојкиниот стан од Михаил Афанасиевиќ Булгаков, р. Стојан Стојановски, Драмски театар - Скопје 1986;
- Мица — Сили во воздухот од Небојша Рончевиќ, р. Јовица Павиќ, Драмски театар - Скопје 1988;
- Мери — Во долго патување во ноќна од Јуѓин Онил, р. Патриша Хамарстром, Драмски театар - Скопје 1988;
- Нада — Шуаби Ап од Жалина Мирчевски, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1989;
- Девојка - Балканот од Жан Жене, р. Ивица Кунчевиќ, Драмски театар - Скопје 1991;
- Мајката — Чернодрински се враќа дома од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1992;
- Деде Ченс — Дамите од Аламо од Пол Зиндел, р. Виолета Џолева, Драмски театар - Скопје 1993;
- Берберот - Прости дарови од Карма Ибзен, р. Карма Ибзен, Драмски театар - Скопје 1993;
- Дон Јул — Дон Жаун од Жан Батист Поклен Молиер, р. Ненад Стојановски, Драмски театар - Скопје 1994;
- Филомена — Кумови од Коле Ангеловски, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1995;
- Кејт — Игранка во времето на Лунаса од Брајан Фрип, р. Александра Ковачевиќ, Драмски театар - Скопје 1995;
- Мег — Злостори на срцето од Бен Хенли, р. Карма Абзен, Драмски театар - Скопје 1995;
- Сиен — Убиј ме душичке од Несин Азис, р. Виолета Џолева, Драмски театар - Скопје 1997;
- Марчелина — Свадбата на Фигаро од Љубиша Георгиевски, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1998;
- Ана Петровна Војничева — Платонов од Антон Павлович Чехов, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1999;
- Мефисто од Клаус Ман, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 2000;
- Баба — Војцек од Геирг Бихнер, р. Бора Драшковиќ, Драмски театар - Скопје 2002;
- Бернарда — Домот на Бернарда Алба од Федерико Гарсија Лорка, р. Горчин Стојанович, Драмски театар - Скопје 2004;
- Шарлота — Дон Жаун од Александар Поповски, р. Александар Поповски, Драмски театар - Скопје 2005;
- Султана — Лет во место од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 2005.
Филмографија
Награди
- 1979 Златен венец за најдобра улога на МЕСС за Лица во "Ослободување на Скопје"
- 1980 Артст на годината според анкетата на "Екран" за улогата Пандора во претставата "Солунски патрдии"
- 1985 Награда за улогата на "Вера" во претставата "Среќна Нова '49" на театарските игри "Војдан Чернодрински" во Прилеп
- 1986 Артист на годината според анкетата не "Екран" за улогата Зоја
- 1989 Стериина награда за улогата на Мица во "Сили во воздухот"
- 2000 Прогласена за глумец на годината според списанието "Екран" за улогата за Војницива во "Платонов"
- 2002 Награда "11-октомври" за 30 годишна плодна глумечка дејност и особено сначајни остварување на полето на уметноста од особен интерес на Република Македонија
- 2005 Награда Климент Охридски за повеќе годишна успешна творечка работа
- 2014 Награда за животно дело Војдан Чернодрински
Наводи
Надворешни врски
|