Сосиете ЖенералСосиете Женерал (француски: Société Générale) - француска универзална банкарска група. ИсторијаБанката „Сосиете Женерал“ била основана во 1864 година од група на индустријалци и финансиери, а нејзиното првобитно име било Société Générale pour favoriser le développement du commerce et de l’industrie en France (Општо друштво за поддршка на развојот на трговијата и индустријата во Франција), како што било напишано во царскиот декрет потпишан од Наполеон III на 4 мај 1864 година. Сосиете Женерал секогаш му служела на економскиот развој на Франција, особено придонесувајќи во финансирањето на инфраструктурата. Таа била меѓу првите француски банки кои отвориле свои подружници во Лондон и во Русија, во 1870-те, а потоа се проширила во земјите на Магреб, во Њујорк и во Африка. Организација и менаџментСо банката раководи Одборот на директори, составен од 14 членови, а на чело на банката се наоѓа Фредрик Одеа.[1] Финансиски активностиСо повеќе од 148.000 вработени во 76 земји, Сосиете Женерал нуди услуги за физички и правни лица и институционални клиенти во три клучни бизниси:[1]
Финансиски показателиВо јуни 2017 година, „Сосиете Женерал“ имала вкупни средства од 1.350,2 милијарди евра, со што била трета најголема француска банка.[2] Табела 1: Биланс на состојба на Сосиете Женерал (во милиони евра)[3]
Скандалот со измамата на Жером КервиелСосиете Женерал важела како една од најдобрите банки во светот во областа со раководењето со ризиците, но сепак се соочила со измама од страна на свој службеник. Жером Кервиел, вработен во банката како трговец на деривати, уште во 2005 година направил една неовластена транскација (спекулација со акции) од која остварил заработка од 500.000 евра. Охрабрен од успехот, тој продолжил да спекулира, мислејќи дека може постојано да остварува заработка. Познавајќи го компјутерскиот систем на банката, Кервиел прикажувал лажни зделки со кои ги прикривал своите спекулативни трансакции. Потоа влегувајќи во системот под различни имиња, тој ги поништувал лажните транскации и на нивно место вметнувал нови. Исто така, тој ја фалсификувал електронската пошта што ја добивал од клиентите, прикажувајќи дека со нив склучувал зделки. Во јули 2007 година му се насмевнала среќата и тој остварил добивка од 1,4 милијарди евра, но свесен дека немал дозвола за склучените трансакции, тој се исплашил од последиците и кај претпоставени пријавил добивка од само 55 милиони евра. Меѓутоа, опиен од успехот, во почетокот на 2008 година, Жером Кервиел отишол до крајни граници, склучувајќи трансакции во вредност од неверојатни 50 милијарди евра што било повеќе од капиталот на банката. Измамата била откриена на 18 јануари 2008 година, кога контролорите на банката откриле дека една зделка со фјучерси, во вредност од 30 милијарди евра, ги надминува пропишаните ограничувања за тргување, а истровремено, таа била премногу голема во однос на страната со која била склучена (германска брокерска куќа). Кога бил прашан за трансакцијата, Кервиел рекол дека направил грешка т.е дека другата страна од трансакцијата е „Дојче Банк”, но кога банката била контактирана, таа одговорила дека воопшто не склучила таква зделка. Тогаш започнала внатрешната истрага, со која почнала да се отплеткува клопчето, т.е притиснат од контролорите, Кервиел ја признал вината. Најпрвин банката го криела скандалот од јавноста, велејќи дека се работи за мала грешка во компјутерскиот систем, но подоцна во истрагата се вклучило и обвинителството. Вкупната загуба на банката изнесувала 4,9 милијарди евра, што претставувало најголема загуба од тој вид во историјата на банкарството. Кервиел бил притворен и обвинет за измама, а „Сосиете Женерал” била сериозно потресена и морала итно да позајми дополнителен капитал за покривање на загубата. Истовремено, во Франција, Кервиел бил славен како борец против капитализмот, а девојките носеле мајци со натпис „Јас сум девојката на Жером Кервиел”.[4] Општествена одговорностСосиете Женерал е една од првите француски банки кои ја претставиле својата обврска за оддржлив развој. Сосиете Женерал е вклучена во главните меѓународни инвестициски индекси за општествена одговорност: Dow Jones Sustainability Index, FTSE4Good, Euronext Vigeo и во пет од индексите STOXX ESG Leaders.[5]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia