Специјална антитерористичка единица „Тигар“
Специјална антитерористичка единица „Тигар“ (скратено САЕ Тигар) — специјална единица што се води под Министерството за внатрешни работи. Историја на САЕ ТигарНа 13 март 1981 година за првпат во Министерството за внатрешни работи беше формирана во рамките на тогашниот републички секретаријат за внатрешни работи на СР Македонија Единицата за специјални задачи под името „Тигар“. Нејзина примарна цел при формирањето била посебни задачи од типот, обезбедување на јавни личности, справување со кризи, специјални задачи за кои не била подготвена тогашната милиција, а подоцна за антитероризам, специјални задачи од типот диверзантски акции, инфилтрирање позади линијата на непријателот, обезбедување на терен, подготовка на терен за воени дејствија на останати воени државни структури, приведување и апсење на криминалци или личности барани од законот, нуркање, извлекување на давеници, затрупани во лавини, експлозиви, и кучиња трагачи, обезбедување на лица од витално значење. Во поново време единицата беше надградена со воена метода за решавање на воени конфликти надвор од урбана средина. Нејзиното борбено крштевање се случи во 2001 година во војната во Република Македонија. Од тој момент па сè до денес се надградува единицата на секое поле. До денешен ден единицата е вброена во топ 10 Специјални полициски единици. Рангирана е како трета единица во делот на снајперизам во светски рамки.[1] Воен конфликт во Македонија, 2001![]() Во воениот конфликт во Македонија 2001 година, Тигрите, заедно со Волците се вклучени во скоро сите воени операции. Делото на Волците се покажа токму во тие операции. Нејзини најуспешни акции се:
Единицата даде 12 припадници од своите редови, и исто така имаше над 30 повредени во воениот конфликт во Р. Македонија во 2001 година. Операција „Планинска бура“На 7 ноември 2007, во шарпланинското село Бродец беше спроведена полициската операција „Планинска бура“, со цел отстранување и разбивање на албанските терористичко-екстремистички криминални групи дојдени од Косово, на подрачјето на Тетовскиот регион. Без загуба на ниту еден припадник на полициските сили на МВР, акцијата беше успешна и заеднички извршена со Единица за брзо распоредување (ЕБР), а терористичката група неутрализирана. Преименување на единицатаНа 13 март 2021, покрај 40 годишниот јубилеј од формирањето на единицата, Единица за специјални задачи (ЕСЗ) беше преименувана во Специјална антитерористичка единица (САЕ).[2] ЗадачиСАЕ Тигар е организирана како посебна единица во Бирото за јавна безбедност со намена за:
ОбукаОбуката за приправниците на оваа единица е со времетраење од 18 месеци, при што во тој период следат исцрпувачки селекции на кандидатите. Започнува со исцрпувачки 120 километарски марш на единицата притоа изведувајќи кондициони и борбени обуки. Обуката е распоредена во 3 етапи:
Обуката и самата поставеност во единицата е по теркот на најпознатите светски полициски специјални единици, а како дополнително се имплементирани и елементи од Американските морнарички Фоки, Американските Ренџери и Делта одред, како и елементи од Руската Спецназ и британска САС.[4] Оружје и возилаСледните оружја ги користи САЕ Тигар:[се бара извор]
Транспорт и оклопни возила:
Заклетва
|
Portal di Ensiklopedia Dunia