Радуша
Радуша — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. Потекло и значење на иметоИмето на селото првпат се сретнува во историските документи како Радоуши во XIV век (1335 г.). Името доаѓа од личното име Радуш или Радух.[2] Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во крајниот северозападен дел на Скопската Котлина, во Жеденската Клисура, непосредно сместено на десната страна на реката Вардар. Се наоѓа во северниот дел на подрачјето на Општина Сарај.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 380 метри. Од градот Скопје е оддалечено 23 километри.[3] Во непосредна близина на селото поминува регионалниот пат 2234, кој го поврзува Скопје со Полог. Селото се наоѓа во средишниот дел на Жеденската Клисура, на десниот брег на Вардар. Над селото се издигнува варовничка падина, која делумно е под шума и пасишта. Нивите се наоѓаат на дното на клисурата околу Вардар. Во минатото, мештаните ја пиеле водата од Вардар, но од 1925 година се започнало со копање на бунари, чија длабочина е од 20 до 45 метри. Покрај бунарите, лево од Вардар извираат изворите Џибри, Каре и Крој Селмани (Селманов Извор).[4] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Крива Кобила, Тераса, Шкал, Лактишт, Умник, Прој Корбит (Гавранов Дол), Кеп Воденикит (Водени Камен), Прој Четас (Четнички Дол), Лак Куритаве (Криво Корито), Кодра Голоче (Голо Брдо), Река Саат (Сува Река), Осој, Равша, Хурза Кучковас, Црвеника, Џибра, Кодра Чеве (Воловско Брдо), Прој Трлаве, Прој Кишес (Црковен Поток), Киша (Црква), Лактиште, Крај Кобила, Чара, Те Бреге, Те Вори Гермази и Мајура.[4] Селото има збиен тип и е поделено на четири маала: Љамалар, Тољ, Реч и Карач. Имињата на маалата се по главните родови. Куќите на поединечните родови се во групи.[4] На пет километри пред селото, источно кон Скопје, се наоѓа изворот познат како Кисела Вода, за кој се верува дека лечи разни болести. Историја![]() Историјата на селото е многу богата и многу стара од самите наоѓалишта во околината на селото можеме да констатираме дека во античкиот период близина имало римска населба со дарданско население. Радуша е многу старо село и во пишаните извори се споменува во повелбата на српскиот крал Милутин во 1308 година. Во повелбата се истакнува дека еден посед на манастирот „Св. Никита“ имал граница до меѓите на селото Радуша.[4] Селото најпрвин било православно македонско село, а дури подоцна започнале да се населува денешното муслиманско албанско население. Поради нивното доселување, староседелското православно население започнало постепено да се иселува. Родот Петревци (11 к.) се иселиле во селото Глоѓи во подножјето на Шар Планина,[4] додека како последен македонски христијански род во XIX век, кој се иселил биле Радичевци, кои најпрвин се иселиле во селото Побожје на Скопска Црна Гора, а потоа преминале во Радишани.[5] Од старото население во Радуша е останато само името, кое го прифатило и доселеното албанско население.[4] Кога во селото живеело македонско население, во Радуша постоела црква. Црквата се наоѓала на месноста Киша, како што се нарекува денес, што на албански означува „црква“. Месноста се наоѓа на југоисточниот раб од селото, каде не се познаваат траги од храмот, бидејќи земјиштето се обработува. Покрај црквиштето се наоѓа и месноста Прој Кишес (Црковен Дол). За црквата, авторот Андреј Стојанов во втората половина на XIX век запишал дека крај црквиштето постоеле гробови со крстови.[4] Во 1888 година, селото било запалено, но веднаш потоа била обновено.[4] За време на воениот конфликт во Македонија во 2001 година, особено во месецот август, во селото Радуша биле водени едни од најжестоките вооружени борби меѓу македонските безбедносни сили и терористите на ОНА. СтопанствоАтарот на селото зафаќа простор од 25,9 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.596 хектари, на пасиштата отпаѓаат 541 хектар, а на обработливото земјиште 288 хектари.[3] Во основа, селото има мешовита земјоделска функција. На атарот на селото се откриени рудни наоѓалишта на хром.[3] Од крајот на XIX век главно занимање на мештаните било одгледување тутун, но целосно било напуштено по Втората светска војна кога бил отворен рудникот за хром „Радуша“.[4] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Радуша живееле 330 жители, сите Албанци муслимани.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 700 Албанци и 100 Македонци.[7] Радуша е големо село, коешто во 1961 година имало 1.212 жители, од кои 1.043 биле Албанци, а 162 жители Турци. Во 1994 година, во селото живеело само албанско население, а Радуша броела 1.824 жители.[3] Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Радуша, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.[заб 1] Според пописот од 2002 година, во селото Радуша живееле 1.892 жители, од кои 1.884 Албанци, 2 Македонци, 2 Бошњаци и 4 останати.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.533 жители, од кои 1.447 Албанци и 86 лица без податоци.[9] Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Радуша:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години РодовиРадуша е албанско муслиманско село, иако во минатото во него живеело само македонско православно население. Денешните родови се чисто албански, додека некои се исламизирани и албанизирани Словени.[4] Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:
Општествени установи
Самоуправа и политикаВо XIX век, Радуша било село во Тетовската каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Сарај, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Кондово. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Идадија. Селото припаѓало на некогашната општина Ѓорче Петров во периодот од 1955 до 1965 година. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Рашче, во која покрај селото Радуша, се наоѓале и селата Горно Свилари, Долно Свилари, Дворце, Копаница, Рашче и Рудник Радуша. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Радуша, во која влегувале селата Дворце, Радуша и Рудник Радуша. Избирачко местоВо селото се наоѓаат избирачките места бр. 2457, 2458 и 2458/1 според Државната изборна комисија, сместени во простории на основното училиште.[10] На локалните избори во 2021 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 2.064 гласачи.[11] Културни и природни знаменитости
Личности
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia