Во минатото Матејче било чисто македонско село. Во 1861 г. Јохан фон Хан на етничката карта на долината на Јужна Морава го означил Матејци како село населено само од Македонци.[2][3]
Според попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 3.394 жители, од кои 17 Македонци, 3.012 Албанци, 325 Срби и 39 останати.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 2.961 жител, од кои 1 Македонец, 2.855 Албанци, 4 Срби, 1 Бошњак и 100 лица без податоци.[9]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[10]
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
б.п.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
—
2.657
1953
83
183
1.564*
33
—
767
...
7
—
2.637
1961
82
264
1.120*
...
...
822
...
57
—
2.345
1971
108
1.482
305*
27
...
663
...
31
—
2.616
1981
48
2.131
88*
2
—
498
...
14
—
2.781
1991
14
18
—
—
—
376
—
6
—
414
1994
11
2.759
1
—
—
355
—
11
—
3.137
2002
17
3.012
—
—
—
325
1
39
—
3.394
2021
1
2.855
—
—
—
4
1
—
100
2.961
*Оние жители кои се изјасниле како Турци, всушност претставуваат етнички Албанци, кои со цел да се приклучат на процесот на иселување кон Турција, се определувале за Турци.
Родови
Матејче е православно (македонско-српско) и муслиманско (албанско-ромско) село.
Православни родови во селото се:Петревци (5 к.), Ѓоргијовци (3 к.), Трајковци (2 к.), Стојановци (2 к.) и Аврамовци (2 к.)староседелци; Доселените родови сите се дојдени после 1912 година, а тоа се: Николиќи (4 к.), Алексиќи (4 к.), Спасиќи (4 к.), Филиповиќи (4 к.), Стојановиќи (3 к.), Ѓуриќи (2 к.), Ѓорѓевиќи (2 к.), Илиќи (2 к.), Јовановиќи (2 к.), Петровиќи (3 к.), Младеновиќи (2 к.), Јовановиќи (2 к.), Николиќи (2 к.), Лилиќи (1 к.), Живиќи (1 к.), Живковиќи (1 к.), Николиќи (1 к.), Николиќи (1 к.), Лилиќи (1 к.), Пејиќи (1 к.), Танчиќи (1 к.), Ангелковци (1 к.), Стаменовиќи (1 к.) и Станковиќи (1 к.) сите наведени родови се доселени од околината на Пирот во Србија; Величковци (4 к.), Јовановци (3 к.), Стојковци (3 к.), Стојковци (2 к.), Додинци (2 к.), Јовановци (2 к.), Милковци (3 к.), Митревци (2 к.), Младеновци (2 к.), Ќиревци (2 к.), Тасинци (2 к.), Стојчевци (2 к.), Илевци (1 к.), Ѓоргијовци (1 к.), Ѓоргијовци (1 к.), Давидковци (1 к.), Антини (1 к.), Анѓелковци (1 к.), Грујовци (1 к.), Анѓелковци (1 к.), Маџевци (1 к.), Мичевци (1 к.), Павловци (1 к.), Славковци (2 к.), Стевановци (1 к.), Станисавлевци (1 к.), Стевановци (1 к.), Неделковци (1 к.), Тасинци (1 к.), Трајковци (1 к.) и Стошинци (1 к.) сите се доселени од Кривопаланечко; Момиќи (2 к.) доселени се од Босна; Ѓелевци (1 к.) доселени се од блискотон село Отља; Николовци (1 к.) доселени се од Егејска Македонија.
Муслимански родови во селото се:Домовци (8 к.) староседелци се. Порано биле православни, а во ислам прешле на почетокот од XIX век; Шеељарци (25 к.), Цановци (31 к.), Демовци (16 к.), Шабан Демци (23 к.), Муратовци (23 к.), Шурда (28 к.), Тафреч (7 к.) и Суљдер (7 к.) најстари доселени родови. Сите се доселени од северна Албанија. Родот Муратовци ги викале и Торбеши, бидејќи имало призетен некој Торбеш во нивниот род, родовите Демовци и Шабан Демци потекнуваат од ист предок; Куртовци (1 к.) доселени се од селото Коњари во 1900 година, подалечно потекло од северна Албанија; Идризовци (1 к.) доселени се од околината на Призрен во 1915 година, подалечно потекло од северна Албанија; Мустафовци (6 к.) и Алијевци (2 к.)Роми се. Првите се доселени од Куманово, а вторите се со непознато потекло.[11]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
↑Трифуноски, Јован (1951). Кумановско-Прешевска Црна Гора. Белград: САНУ.
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.