Список на канцелари на ГерманијаКанцеларот на Германија е политички водач на Германија и претседател на сојузната влада. Функционерот е одговорен за изборот на другите членови на владата и претседава со состаноците на сојузната влада. Должноста била создадена во Северногерманскиот Сојуз во 1867 година, кога Ото фон Бизмарк станал првиот канцелар. Со обединувањето на Германија во 1871 година, Сојузот прераснал во германска национална држава и должноста станала канцелар на Германија. Бизмарк, кој бил канцелар до 1890 година, е канцеларот со најдолг стаж на оваа функција до денес. Првично, канцеларот бил единствено одговорен на царот. Ова се променило со уставната реформа во 1918 година, кога на парламентот му било дадено право да го разрешува канцеларот. Според Вајмарскиот устав од 1919 година, канцеларот требало да биде назначен од претседател, но бил одговорен на парламентот. Уставот бил надвор од функција во периодот 1933-1945, за време на нацистичкото диктаторство. Германскиот устав од 1949 година го направил канцеларот најмоќна личност во државата, истовремено намалувајќи ја улогата на претседателот. Официјалниот назив на титулата гласела „сојузен канцелар“ (Bundeskanzler) во Северногерманскиот Сојуз и „царски канцелар“ (Reichskanzler) од обединувањето на Германија до повторното воведување на сојузен канцелар во 1949 година. Женската форма на титулата гласи сојузна канцеларка (Bundeskanzlerin). Титулата е често скратувана на канцелар (Kanzler) или женската форма канцеларка (Kanzlerin). Од 22 ноември 2005 година, должноста ја врши Ангела Меркел, моментален водач на Христијанската демократска унија на Германија. Северногермански Сојуз (1867–1871)Политичка партија: ниедна
Германско Царство (1871–1918)Политичка партија: Центар SPD ниедна
Револуционерен период (1918–1919)На 9 ноември 1918 година, канцеларот Максимилијан Баденски ја предал власта на Фридрих Еберт. Еберт продолжил да дејствува како претседател на владата во текот на три месеци помеѓу крајот на Германското Царство во ноември 1918 година и првиот собир на Народното собрание во февруари 1919 година, но не ја користел титулата на канцелар. Во овој период, Еберт исто така служел како претседавач на Советот на народни делегати, заедно со Хуго Хазе, независен социјалдемократ, до 29 декември 1918 година. Вајмарска Република (1919–1933)Политичка партија: SPD Центар DVP ниедна
1 SPD се повлекла од владата на Штреземан II на 3 ноември 1923 г. 2 DNVP се повлекла од владата на Лутер I на 26 октомври 1925 г. Трет Рајх (1933–1945)Политичка партија: NSDAP ниедна
Сојузна Република (од 1949)Во 1949 година постоеле три посебни германски држави: Сојузна Република Германија (позната како Западна Германија), Сар, кој се приклучил на Сојузната Република во 1956 г. и Германска Демократска Република (позната како Источна Германија). Списокот подолу ги дава канцеларите на Сојузната Република; владата на Источна Германија била предводена од претседавач на Советот на министри. Во 1990 година, Источна Германија била распуштена, а нејзините покраини припоени кон Сојузната Република. Политичка партија: CDU SPD FDP
3 FDP се повлекла од владата на Аденауер II на 23 февруари 1956 година, но нејзините министри ја основале FVP и останале во владата. Нејзините министри пребегнале во CDU во 1956 година. 4 DP се повлекла од владата на Аденауер III во јули 1960 година. 5 FDP се повлекла од владата на Ерхард II на 28 октомври 1966 година. 6 FDP се повлекла од владата на Шмит III на 17 септември 1982 година. 7 По повторното обединување на Германија, Ханс Јоахим Валтер на источногерманската DSU се приклучил на владата на Кол III на 3 октомври 1990 година. НаводиПоврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia