Споменик на Бегалците (Струмица)
Споменикот на Бегалците — споменик кој се наоѓа во Струмица, Македонија. Автор на споменикот е вајарката Наташа Божарова – Пијанманова која победила на конкурсот што го распишал Одборот за подигање споменици на Советот на Општина Струмица. Спомен-обележјето, на кое на карпеста подлога е прикажана мајка-бегалка која заштитнички го прегрнува своето дете, претставува симбол на апокалиптичните судбини и страдања на Македонците од Егејска Македонија, за време на бегалските погрони по Втората балканска, двете светски и граѓанската војна во Грција во првата половина од минатиот век. Споменикот е поставен во Спомен-паркот посветен на бегалците и децата на бегалците, а за неговата изработка се потрошени околу 500.000 денари од општинскиот буџет.[1] На споменикот е поставена плоча на која пишува „Незаборавот ги чува корените“. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia