Црква „Св. Димитриј“ - Струмица
Црквата Св. Димитриј — поранешна патријаршиска црква која се наоѓала во градот Струмица, Македонија. ИсторијаЦрквата била изградена во текот на 19 век и била под контрола на Цариградска патријаршија, и претставувала седиште и соборна црква на грчкиот митрополит. Во близина на црквата се наоѓало грчко училиште. Во 1869 година градот Струмица бил зафатен од пожар, во кој настрадала и самата црква[1]. Црквата во следните години била обновена. Еден изворен податок сведочи дека за нејзиното обновување биле потрошени околу 4.000 турски лири, „собрани од струмичкиот христијански народ“[2]. По крајот на Балканските војни, градот Струмица бил опожарен од страна на грчките сили, кои пред да се повлечат од градот меѓу другото ја опожариле и самата црква. Во 1922 година црквата била целосно разрушена. Денеска, на нејзините темели се наоѓа ОУ „Маршал Тито“. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia