Црква „Св. Илија“ - Струмица
Свети Илија — манастир посветен на пророкот Илија на планината Еленица, на околу 4 км од градот Струмица.[1] Манастирот бил изграден во XVI век, но се смета дека претходно на истото место постоел друг манастир којшто датирал уште од порано. Манастирот бил разрушен во 1923 година, но истиот бил повторно изграден во периодот од 1975 до 1984 година. Внатрешноста на црквата е исполнета со иконостас на Исус Христос, а ѕидовите се обоени со евангелистите Марко, Матеј, Лука и Јован. Иконостасот во црквата е направен од дрво.[2] Граѓаните на Струмица секоја година ја следат традицијата и на 2 август, празникот на пророкот, масовно во приквечерината и навечер ја поминуваат трим-патеката и го посетуваат манастирот, оддавајќи почит на пророкот и потсетувајќи се на Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia