Трајко Димитров
Трајко Димитров (Скопје, 8 август 1930 - Скопје, 5 јануари 2023) — македонски архитект. Припаѓа на првата генерација архитекти запишана на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје во 1949, а дипломирал во 1956 година. По дипломирањето се вработил во Заводот за станбена изградба во Скопје, којшто подоцна се трансформирал во Македонијапроект и тука останал сè до истекот на неговиот активен работен стаж во 1990г. Својата кариера претежно ја посветил на проектирањето на објекти од општествен карактер, давајќи притоа посебен акцент на спортските објекти.[1] ЖивотописПотекнува од занаетчиско семејство. Татко му Ѓорѓи,роден 1902 во Булачани е истакнат мајстор во градот за изработка на мебел, а мајка му Стојна, родена 1903 во Пагаруша, потекнува од семејство кое според семејната традиција имало свој рудник за вадење и обработка на мермер. До 1937 живеел во маалото Буњаковец, а потоа за време на школувањето и студиите па сè до 1962 во Дебар Маало.[1] Починал на 5 јануари 2023 година во Скопје.[2] Позначајни дела
Награди и признанија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia