Стара Река (резерват)

Резерват на природата Стара Река
МестоОпштина Карлово, Пловдив, Бугарија
Најблизок градКарлово
Координати42°38′36.65″N 24°48′25.75″E / 42.6435139°N 24.8071528°E / 42.6435139; 24.8071528
Површина19.747 км2
Воспоставен(а)1981
Управно телоМинистерство за животна средина и води на Бугарија

Стара Река (бугарски: Стара Река) – еден од деветте резервати на природата во рамките на Националниот парк Централен Балкан во централна Бугарија.[1] Резерватот на природата зафаќа површина од 19.747 км2.[2], основан е од страна на Одборот за заштита на природата под Министерскиот совет на 18 март 1981 година за да се заштитат единствените екосистеми на делот на Стара Планина кој се наоѓа во Бугарија.[2]

Географија

Резерватот се наоѓа неколку километри северно од градот Карлово, во северниот дел на областа Пловдив. Стара Река ги покрива јужните падини на Стара Планина од планинскиот врв Левски (2168 м) и врвот Велики Купен (2169 м) на главниот гребен на планинскиот распон јужно долж долината на реката Стара Река и нејзините притоки.[1][3]

Надморската висина на резерватот варира меѓу 1000 и 2169 м. Јужните падини на Стара Планина имаат поблага клима со снежен покривач во просек 120 дена годишно. Земјиштето е разнолико, од планински тревливи до шуми и полиња на пониски надморски висини.[3]

Флора

Шумите во резерватот на природата Стара Река вообичаено вклучуваат четири до пет видови дрвја. Во најниските делови на резерватот распространети се горун, европска бука, црн јасен и црн габер. Мешовитите букови и четинарски шуми заедно со јаворот, acer heldreichii и белата бреза растат на повисоки надморски висини.[3]

Резерватот е богат со ретки растителни видови, 45 се наоѓаат во Црвена книга на БугаријаЦрвената книга на Бугарија, од кои 20 се 20 ендемски, како што се Centaurea kerneriana, Campanula trojanensis, Stachys alpina и многу други.[1][3]

Фауна

Стара Река ја има најзападната популација на дивокози долж јужните падини на Стара Планина. Овој резерват на природата исто така е засолниште на кафеавата мечка, волкот, дивата мачка, златната куна и видрата.[2][3]

Во паркот се наоѓаат голем број птици како што се царски орел, златен орел, мал орел, осојад, јастреб кокошкар, јастреб врапчар, степски сокол, сив сокол и голем ушест був. Други видови птици кои се значајни за зачувување кои се наоѓаат во Стара Река се црн клукајдрвец, белокрстен шарен клукајдрвец и многе друге.[3]

Галерија

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 „Stara Reka Reserve“. Official Site of Central Balkan National Park. Посетено на 20 јануари 2017.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Register of the Protected Territories and Zones in Bulgaria“. Official Site of the Executive Environment Agency of Bulgaria. Посетено на 20 јануари 2017.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 „Stara Reka Reserve: Detailed Information“. Official Site of Central Balkan National Park.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya