Стара крушевска чаршија41°22′07″N 21°14′56″E / 41.36865867302451°N 21.248854089976337°E ![]() Крушевската чаршија — трговски и културно-историски дел во средиштето на Крушево и една од најголемите знаменитости на гратчето. ИсторијаПорано во Крушево имало над двесте калајџии, кои учеле занает главно во Грција или Романија. Имало голем број на кројачи, ткајачи кои изработувале килими и јамболlии од домашна волна. Во Крушево имало голем број на воденици кои сега се разурнати, а постоела и мелница за брашно. Исто така, имало и голем број на свеќари, фурнаџии, налбати, дограмаџии, бравари, казанџии. Работеле дваесет и осум чевлари, а има податоци дека кај нив занаетот го учеле голем број на чевлари од Прилеп и Битола. Имало и осум ковачи, како и сто и две групи на калајџии во османлиско време, кои оделе да заработуваат со својот занает и во соседните територии, како Бугарија, Албанија и Грција сè до почетокот на Балканските војни.[1] Во Крушево имало анови кои имале доста работа во тоа време. Нуделе преноќиште за доста трговци кои врвеле со коњи и карвани. Имало и доста кафеани, а постарите се сеќаваат на првата ледница за мраз и првиот крушевски сладолед до 1924 година. Постоел дури и безистен, кој изгорел за време на Илинденското востание. Денес во крушевската чаршија останати се само неколку дуќани од времето пред востанието.[1] Постојат податоци дека крушевскиот еснаф имал каса за погребување на сиромашните. Трговците сами ги кажувале своите приходи и врз таа основа се правела средна цена на данокот, така што на тој начин сите биле задоволни. Крушевскиот еснаф бил силен и влијателен, препознатлив по тоа што се штител и се борел за своите права. Секој еснаф си имал своја слава, на различен празник кога задолжително се одело прво во црква, а потоа се славело во домашна атмосфера.[1] ГалеријаПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia