Црква „Св. Никола“ - Крушево
Свети Никола — црква во Крушево. Изградена е во 1832 г.[1] ![]() За време на Илинденското востание во 1903 г., црквата како и голем дел од централниот дел на градот бил изгорен и разрушен. Црквата била возобновена во периодот од 1905 до 1907 г. Таа имала централна позиција и била ситуирана во чаршијата, така што со својата големина и монументалност доминира во просторот на градот. На јужната страна од црквата била изградена камбанарија на која бил поставен градскиот саат. Иконите во црквата ги изработил зографот Михаил со синовите Данаил и Никола, а иконостасот бил дело на познатите копаничари Петре Филиповски-Гарката и Димитар Станишев. Најстарите икони изложени во оваа црква датираат од 1884 г. Во сакралните објекти се наоѓаат грижливо чувани, некои ретко видени, некои никогаш невидени мајсторски дела кои говорат за одреден историски и уметнички период од православната култура. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia