Стево Спасовски
Стево Спасовски (роден Стеван Спасов;[1] 25 ноември 1940, Скопје — 30 март 2008, Скопје) — македонски глумец, член во Младинско-детскиот театар (1959 — 1962), во Драмата на МНТ (1962 — 1964), а од 1964 година до пензионирањето во Драмскиот театар во Скопје. Настапувал и во ТВ-драми, во серии, на радио и на филм.[2] ЖивотописСпасовски е роден во Скопје на 25 ноември 1940 година. Со професионална глумечка дејност почнал да се занимава од 1960 година, прво во Македонскиот народен театар, а потоа од 1964 година во Драмскиот театар во Скопје, сè до неговото пензионирање. Спасовски е добитник на наградите: „11 Октомври“ за улога во претставата „Косанчичев венец“ (1983), награда на ТИ „Војдан Чернодрински“, за улога во претставата „Тетовирани души“ во 1987 година, а истата година бил прогласен и за глумец на годината. Во 1988 повторно е награден на ТИ „Војдан Чернодрински“ за улогата во претставата „Клаустрофобична комедија“, а како заокружување на неговата глумечка дејност во 1999 година Стево Спасовски е добитник на наградата „Климент Охридски“, додека во 2001 година ја добил наградата за животно дело на ТФ „Војдан Чернодрински“. Син на Спасовски е познатиот глумец Драган Спасов - Дац.[3] Починал во Скопје на 30 март 2008 година. Филмографија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia