Стерјана Вангелова-Славјанка

Стерјана Вангелова-Славјанка
Родена Стерјана Вангелова
1924
Добролишта, Костурско, Грција
Починала 19 мај 2005
Скопје
Занимање деец

Стерјана Вангелова Канзурова - Славјанка ( 1924, Добролишта - 19 мај 2005, Скопје) — македонски деец на комунистичкото движење,[1] учесник во НОВ и во Граѓанската војна во Грција.[2][3]

Животопис

Партизанки од Егејскиот воденски округ, Првата егејска ударна бригада. Фотографирано во Кавадарци, 30 септември 1944 година

Стерјана учествувала во Антифашистичкиот отпор (1941-1944),[1] се приклучила во НОВ во 1941 година. Била активистка на младинската организација ЕПОН. Собирала оружје и растурала пропаганден материјал. Во почетокот на 1943 година стапила во единиците на ЕЛАС и била борец во 28-та бриrада.[3]

Во мај 1944 година, заедно со едепн одред на борци, Македонци, од Еrејска Македонија, преминала во единиците на НОВ и ПОМ, како борец во Првата македонска ударна бригада. По неколкv месечно војување единиците на НОВ и ПОМ, се вратила во единиците на ЕЛАС. Кон крајот на 1944 година повторно дошла во Македонија, овојпат како борец во Првата егејска македонска ударна бригада. Во Првата егејска ударна бригада станала младински раководител на Првиот баталјон.[2][3]

Во периодот на Граѓанската војна во Грција (1946-1949) била секретар на Окружниот комитет на АФЖ за Костурско и Леринско и организационен секретар на Главниот одбор на АФЖ за Егејска Македонија.[1][2]

Во 1948 година емигрирала во НРМ.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Ванковска“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. стр. 237. Text "series " ignored (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 Киселиновски и др., д-р Стојан (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 95. ISBN 9989-624-46-1.
  3. 3,0 3,1 3,2 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1011.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya