Селото се наоѓа на 17 километри југозападно од градот Костур и Костурското Езеро. По Грчката граѓанска војна кон територијата на селото е присоединета напуштената населба Чрчишта. Селото се наоѓа на надморска височина од 681 метри.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Добромишта се води како мешано македонско-турско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 70 куќи.[9]
Според грчката статистика од 1905 година селото било чисто грчко со 500 жители[10]. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади на чело со Николаос Платанијас.[11]. Во октомври 1906 година отоманските сили во селото го убиле војводата Никола Добролитски и двајца негови четници[12]. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканските војни имало 30 турски и 50 македонски семејства[13], додека според Георги Христов имало и едно влашко семејство.
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[14]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 468 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 434 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Калохорион.[15]
Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на италијанските окупатори[16], по кое било предадено на бугарските сили. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. Голем дел од населението било малтретирано[17]. 13 деца од селото биле протерани како деца бегалци, додека имало и 13 политички убиства.[10].
Демографија
Во 1928 година селото броело 455 жители.[18], додека во 1940 година селото броело 634 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 585 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 520 жители, во 1971 година имало 458 жители, во 1981 година имало 475 жители, додека во 1991 година имало 459 жители[19]. Денеска, населението на селото е 458 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
634
585
520
458
475
459
458
398
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија