Стожер (списание)Ревија во издание на Друштвото на писателите на Македонија. Првиот број излегол во 1996 година под името Стожер: весник на Друштвото на писателите на Македонија, како месечник за литература, култура и уметност. Во 1999 година поднасловот на ревијата е „месечна ревија за литература, култура и уметност“, а од 2001 година „ревија за литература, култура и уметност“. Уредници на ревијата „Стожер“ биле македонските писатели и книжевни дејци: Стефан Марковски, Лилјана Пандева, Даниела Андоновска-Трајковска, Лејла Шериф Емин, Виолета Танчева-Златева, Делвина Крлуку, Науме Радически, Иван Додовски, Есад Бајрам и други. Форматот на ревијата е 29 сантиметри, а последните години излегува четирипати годишно. Од 2022 година сите статии, песни, раскази и други објави во ревијата се каталогизираат со УДК број. Ревијата е достапна на мрежното место на Друштвото на писателите на Македонија.[1] Главни уредници
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia