Суматрански тигар
Суматрански тигар (Panthera tigris sumatrae) е подвид на тигар кој го среќаваме на индонезискиот остров Суматра. Неодамнешните генетски истражувања откриле присуство на уникатен генетски маркер кој ги одвојува суматранските тигри од тигрите кои живеат на континентот[2]. Во моментот се смета дека во дивината има само 100-400 единки[3]. ОсобеностиСуматранскиот тигар е најмалиот од сите денешни подвидови тигри. Мажјаците достигнуваат просечна должина од 204 сантиметри од главата до опашката и тежина од околу 136 килограми. Женките во просек се долги 198 сантиметри и тежат околу 91 килограм. Пругите на овие тигри се доста пооштри отколку кај другите подвидови, а и оставаат впечаток дека имаат поголема грива (поготово мажјаците). Нивната мала големина им овозможува полесно движење низ густите дождовни шуми. Суматранските тигри имаат и кожичка меѓу прстите, поради што се одлични и брзи пливачи. Познато е и дека спретноста во водата ја користат при ловењето – терајќи го нивниот плен во вода, најчесто копитари кои не се вешти пливачи. Суматранските тигри најчесто ловат колеми копитари како дива свиња, малајски тапир и елени. Но понекогаш и помали животни како живина, мајмуни и риби. Орангутаните исто така можат да бидат плен, меѓутоа бидејќи поминуваат многу кратко време на земја, тигрите ретко успеваат да ги уловат. Генетика и еволуцијаДНК анализите ја потврдиле хипотезата дека суматранските тигри останале изолирани од останатите популации по подигањето на нивото на морињата за време на границата помеѓу плеистоценот и холоценот (пред околу 12 000 – 6 000 години). Во согласност со оваа еволуција, суматранските тигри се генетски изолирани од останатите тигри кои живеат на континентот, и прават мала одделна група, во која тигрите се во блиско сродство меѓусебе[2]. ЖивеалиштеЕдинственото природно живеалиште на овие тигри е Суматра – голем остров во западна Индонезија. Го среќаваме било каде од низински шуми до субпланински и планински шуми, вклучувајќи и мочуришни шуми, како и многу незаштитени региони. Само околу 400 единки живеат во резервати и национални паркови. Најголемата популација од околу 110 тигриживее во Националниот Парк Гунунг Леусер. Резерватите не се многу сигурни, бидејќи и покрај напорите за заштита, голем број тигри секоја година се жртви на ловокрадството. Според Инфорормативниот центар за тигри и Светски фонд за природа во дивината нема повеќе од 500 единки. Константното губење на природното живеалиште многу ја отежнува борбата за заштита на овој тигар. Заштита![]() Во 2007 година индонезиското министерство за надворешни работи и сафари паркот воспоставиле соработка со Австралиската зоолошка градина со цел заштита на суматранските тигри и други загрозени видови. Договорот за соработка е попишан на 31 јули 2007 година. Програмата вклучува заштита на суматрaнските тигри и други загрозени видови во дивината, напори за намалување на конфликтот меѓу тигрите и месното население и рехабилитација на суматранските тигри и нивно враќање во дивината. Библиската зоолошка градина во Ерусалим, Израел е дел од меѓународната програма за парење на суматранските тигри со цел да се спаси подвидот од изумирање[3]. Во август 2009 крадци провалиле во зоолошката градина Таман Римба на Суматра и украле женка суматрански тигар[4]. Наводи
Надворешни врски![]()
|
Portal di Ensiklopedia Dunia