СуперпартнерСуперпартнер (или счестичка) — хипотетичка елементарна честичка предвидена со суперсиметријата, една од тековните синергистички теории во честичната (високоенергетска) физика.[1][2] Суперпартнерите на постоечките фермиони се нарекуваат со додавање на претставката с- (што означуа „супер“ како во счестичка) пред името на фермионот, како на пр. „сврвен кварк“. Суперпартнерите на бозоните пак, ја носат наставката -ино, како на пр. глуино; а сите баждарни суперпартнери се нарекуваат гејџина. Теориски предвидувањаСпоред теоријата за суперсиметријата, секој фермион треба да има партнерски бозон (суперпертнер), а секој бозон треба да и има партнерски фермион. Точната ненарушена суперсиметрија вели дека честичката и нејзиниот суперпартнер треба да имаат иста маса. Засега не е пронајден ниеден суперпартнер на честичките по стандардниот модел. Ова може да значи дека суперсиметријата е погрешка како претпоставка, или дека суперсиметријата не е точна ненарушена симетрија на природата. Доколку се пронајдат суперпартнери, нивните маси треба да укажуваат на размерот во кој се нарушува суперсиметријата.[1][3] Честичките кои се реални скалари (како аксионот), имаат фермионски суперпартнери покрај реланото скаларно поле. Кај аксионите, овие честички се нарекуват аксина или саксиони. Во дополнетата претстава за суперсиметријата, секоја честичка може да има повеќе од една суперчестичка. На пример, доколку има два примерока на суперсиметријата во четири димензии, фотонот би имал два фермионски и еден скаларен суперпартнер. Во нула димензии, може да постои суперсиметрија без суперпартнери, но ова е единствен можен случај. Предизвикување на суперпартнери во забрзувачДоколку теоријата за суперсиметријата е точна, се очекува ваквите честички да се појават во високоенергетски забрзувач на честички. Ова не би било лесна задача, бидејќи ваквите честички може да имаат маса до илјадапати поголема од нивните „реални“ партнери.[1] Некои истражувачи се надеваат дека Големиот хадронски судирач на ЦЕРН ќе даде докази за постоењето на суперпартнерските честички.[1] но засега нема такви наоди.[4] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia