Тау-честичка
Тау (τ), наречена и тау-лептон, тау-честичка или тауон — елементарна честичка слична на електронот, со негативен електричен полнеж и спин од 1⁄2. Заедно со електронот, мионот, и трите неутрина, е лептон. Како и сите други елементарни честички со половичен спин, тау-честичката има своја античестичка со спротивен полнеж но еднаква маса и спин, што во случајот со тау-честичката е антитау (или уште наречена и позитивно тау). Тау-честичките се обележуваат со Тау-лептоните имаат животен век од 2,9⋅10-13 с и маса од 1.776,82 MeV/c2 (споредено со 105,7 MeV/c2 за миони и 0,511 MeV/c2 за електрони). Бидејќи нивните заемнидејства се многу слични со оние на електроните, тау може да се смета како потешка верзија од електронот. Поради нивната поголема маса, тау-честичките не испуштаат толку многу закочно зрачење како електроните; следствено, тие се потенцијално попродорни, многу повеќе од електроните. Поради нивниот краток животен век, опсегот на тау воглавно зависи од нивната должина на распаѓање, што е премногу мало за да може да се забележи закочното зрачење. Нивната продорна моќ се појавува само при ултраголема брзина и енергија (енергии над петаелектронволти), кога временската дилатација ја издолжува должината на изминатиот пат.[4] Како и во случајот со сите останати наелектр5изирани лептони, тау има и соодветно тау-неутрино, кое се означува како ντ. ИсторијаТау бил пронајден во 1971 година од страна на Јунг-Су Цаи .[5] Обезбедувајќи ја теоријата за ова откритие, тау бил откриен во низа експерименти меѓу 1974 и 1977 година од страна на Мартин Луис Перл со неговите колеги во Стенфордскиот линиски забрзувачки центар (SLAC) и групата на Берклиевата лабораторија (LBL).[2] Нивната опрема се состоела од тогашниот нов SLAC-ов Откриеби се 64 настани од обликот:
Потребата да постојат најмалку две неоткриени честички била прикажана со неможноста да се зачува енергијата и импулсот со само една честичка. Сепак, не се откриени ниту други миони, електрони, фотони или хадрони. Било предложено овој настан да е производство и последователно распаѓање на нов пар од честички:
Ова беше тешко да се потврди, бидејќи енергијата за производство на парот Симболот τ бил изведен од грчкиот τρίτον (тритон, што значи „трето“ на англиски јазик), бидејќи бил откриен трет наелектризиран лептон.[6] Мартин Луис Перл ја сподели Нобеловата награда за физика од 1995 со Фредерик Рајнес. На Рајнес наградата му е доделена за неговиот придонес за експериментално откривање на неутриното. Распад на тау-честичките![]() Тау е единствениот летон кој може да се распаѓа во хадрони - другите лептони немаат доволна маса. Како и другите начини на распаѓање на тау, хадронскиот распад се одвива преку слабото заемодејство.[7] Распределувањето на доминантните хадронски тау-распади се[3]:
Севкупно, тау-лептонот ќе се распаѓа хадронски приближно 64,79% од времето. Бидејќи бројот на тау-лептонскиот број е зачуван при слаби распади, тау-неутриното секогаш се создава при тау-распади.[7] Односот на разгранувањето на лептонските тау честички е[3]:
Сличноста на вредностите на двата разгранувачки коефициенти е последица на универзалноста на лептонот. Егзотични атомиПредвидено е дека тау-лептонот може да создава егзотични атоми како другите наелектризирани субатомски честички. Еден од таквите, наречен тауонониум аналогно на миониум, се состои од антитауон и електрон: Другиот е атом е ониум ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia