Поповјани
Поповјани — село во областа Горно Кичево, во Општина Кичево, сместено во околината на градот Кичево. ЕтимологијаВрз основа на постоење на средновековен манастир „Св. Атанасиј“ на подрачјето на денешното село, може да се изведе и претпоставка за потеклото на името на селото Поповјани, кое на македонски јазик означува место на попови, свештеници. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во областа Горно Кичево, сместено во Кичевската Котлина, во северниот дел на подрачјето на Општина Кичево.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 710 метри. Од градот Кичево е оддалечено 15 километри.[2] Селото е сместено на западните падини на Челоица. Куќите на ова село се наоѓаат на дното на долината на малата Поповјанска Река. Западно и источно од Поповјани се протегаат падините на планините Буковиќ и Челоица, додека кон југ се шири долинското дно со извонредно плодно земјиште, каде се наоѓаат селските ниви. Други околни села се: Јагол, Јагол Доленци, Туин, Арангел (село) и Жубрино.[3] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Јани Дол, Илинец, Црква, Слива, Лозишта, Ледина и Селиште.[3] Селото има збиен тип и е поделено на два дела: источен со македонско и западен со албанско население.[3] ИсторијаПоповјани е старо село во Кичевската Котлина. Први пишани историски податоци за селото Поповјани се сретнуваат во турските пописни дефтери од втората половина на XV век, односно во 1476/77 година, кога селото се споменува под истото име Поповјани со 23 словенско-христијански куќи.[3] Народното предание наведува дека во Поповјани постоел средновековен манастир посветен на Свети Атанасиј и сета земја на селскиот атар била манастирска. Манастирот се наоѓал северно од селото, каде што се познаваат слаби остатоци од рушевини и каде Македонците се собираат за Атанасовден.[3] Овој манастир бил разрушен околу 1850 година, кога било раселено и селото. Манастирската земја ја присвоил некојси Зенула-бег по потекло од Дебар, кој имал 4 сина (Етем, Оман, Емин и Џеладин) кои подоцна се иселиле во Кичево.[3] Денешното село потекнува од средината на XIX век, кога на беговската земја повторно почнале да се доселуваат македонски родови. Први дошле Пејовци.[3] Во XIX век, Поповјани било село во Кичевската каза на Отоманското Царство. Кон крајот на турското владеење во 1912 година, синовите на Зенула-бег започнале да ја распродаваат земјата на селскиот атар, која започнале да ја купуваат Македонците кои живееле во селото, како и Албанци од околните села и од Гостиварско со што тие започнале да се населуваат во ова село. Последниот дел од беговиот земјиштен посед е продаден по Втората светска војна.[3] На тромеѓето на атарите на селата Поповјани, Туин и Арангел во минатото постоело малото село „Нерези“ населено со Македонци, кое според народното предание „пропаднало“ (се раселило) поради колера.[3] Стопанство![]() Атарот зафаќа простор од 4,8 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 196 хектари, на шумите отпаѓаат 140 хектари, а на пасиштата 128 хектари.[2] Селото, во основа, има полјоделска функција.[2] Населението на Поповјани се занимава во најголем дел со сточарство, односно одгледување на овци, говеда (крави и волови) и во помал дел кози, како и земјоделство во плодниот предел јужно од селото каде највеќе се одгледуваат пченица, пченка, компир. Значаен дел од населението е на печалба и привремена работа во странство, претежно во Западна Европа, а помал дел и во Америка, додека еден мал дел работи и во РЕК „Осломеј“. Последните години, се спроведувала геолошка студија за проценка на лежиштето на лигнит (јаглен) во Поповјани, за кое се планира да се отвори како ископ во рамки на ископите „Осломеј-Запад“.[4] Население![]()
Според податоците од 1873 година, селото Поповјани имало 15 домаќинства со 35 жители муслимани и 20 христијани.[5] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 280 жители, од кои 220 Македонци и 60 Албанци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Поповјани имало 160 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[7] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Поповјани се води како мешано македонско-албанско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[8] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Попаљани се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 20 куќи.[9] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци и 150 Албанци.[10] Во 1961 година, селото броело 267 жители, од кои 184 биле Албанци, а 82 жители Македонци. Во 1994 година, бројот се зголемил на 309 жители, од кои 296 Албанци, а 13 жители Македонци.[2] Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Поповјани, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.[заб 1] Според пописот од 2002 година, во селото Поповјани живееле 399 жители, од кои: 2 Македонци и 397 Албанци.[11] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 142 жители, од кои 1 Македонец, 135 Албанци и 6 лица без податоци.[12] Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Поповјани:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години Родови![]() Поповјани е мешано православно-муслиманско село. Денес, во најголем дел во селото Поповјани живеат муслимански Албанци, но во минатото секогаш најголем дел од населението биле православните Македонци и малиот дел на поалбанчени Македонци-муслимани.[3] Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:
Според истражувањата, пак, на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[13]
Општествени установи
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Осломеј. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Јагол Доленци, во која покрај селото Поповјани, се наоѓале и селата Бериково, Јагол, Јагол Доленци, Папрадиште и Туин. Во периодот 1950-1952, селото влегувало во рамки на некогашната општина Доленци, заедно со селата Бериково, Доленци, Јагол, Папрадиште и Поповјани. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0801 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на културниот дом.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 305 гласачи.[15] Културни и природни знаменитости
ИселеништвоИселеници од селото во минатото се забележани во Кичево (10 македонски и 1 албанско семејство), Скопје, Белград, Бугарија, Романија, македонскиот род Милјановци се иселиле во соседното село Јагол, додека 4 албански домаќинства се иселиле во Турција.[3] Во денешно време се забележани иселувања на албанското население во Швајцарија, Австрија и Германија, а во помал дел и во САД и Италија. Наводи
ПоврзаноНадворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia