Татјана Атанасова ПачемскаТатјана Атанасова – Пачемска (Штип, 19 август 1973) — македонска математичарка, професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Животописродена на 19 август 1973 год. во Штип, Македонија. Основното и средното училиште го завршила во Штип, со континуиран одличен успех. Во 1991 год. се запишала на студиите по математика на Природно–математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Истите ги завршила во 1995 год. со просечен успех 9,3 и се здобила со звањето дипломиран професор по математика. Во 1995 год. се вработува во Текстилниот училиштен центар „Димитар Мирасчиев“ во Штип како професор по математика. Во октомври 1996 год. се запишала на постдипломските студии по математика на ПМФ – Скопје. Истите ги завршила во 2002 год. со одбрана на магистерскиот труд под наслов „Класи на функции кои се помеѓу непрекинати и рамномерно непрекинати“ и се стекнала со звањето магистер на математички науки. Од 1996 год. е избрана за помлад асистент на предметите Математика и Методика на воспитно-образовната работа по математика на Педагошкиот факултет во Штип. Во јуни 2003 год. на Институтот за математика при ПМФ-Скопје пријавила докторска дисертација на тема „Поимите сврзаност, компонента и крај за рамномерно непрекинати пресликувања“ и истата ја одбранила во јули 2006 год. со што се стекнала со звањето доктор на математички науки. Д-р Татјана Атанасова – Пачемска е избрана во наставно-научното звање доцент[1] на областа математика при Факултетот за информатика од Матичната комисија за формирање на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип во јуни 2007 година. Во мај 2007 година, избрана е за доцент и на Педагошкиот факултет во Штип на предметите Математика 1, Математика 2 и Методика на воспитно-образовната работа по математика. Во декември 2011 год. д-р Татјана Атанасова – Пачемска е избрана во звањето вонреден професор, а од 2016 е редовен професор на областите математика и методика на катедрата за математика и статистика при факултетот за информатика, УГД. Д-р Татјана Атанасова – Пачемска има богата научна и стручна активност. Автор е на повеќе од 100 трудови од областа на математиката и математичкото образование. Студиски престоj
Раководни функции
Стручна и општествена активност
Автор е на еден од националните учебници по математика за второ и трето одделение за деветгодишно основно образование, работните тетратки „Математичка работилница“ за второ и трето одделение и прирачниците за наставници за истите учебници. Д-р Татјана Атанасова – Пачемска била ментор на дипломски работи, рецензент на магистерски тези и докторски дисертации, рецензент на научно истражувачки проекти од Министерството за образование и наука како и член на тимот за супер ревизија на учебниците од I-V одд. од наставното подрачје математика, 2010[5]. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia