Телтов-Флеминг
![]() Телтов-Флеминг (германски: Teltow-Fläming) — округ во југозападниот дел на Бранденбург, Германија. Соседни окрузи се (од исток надесно) Даме-Шпревалд, Елба-Елстер, окрузите Витенберг во Саксонија-Анхалт, округот Потсдам-Мителмарк и главниот град и покраината Берлин. ГеографијаОкругот е именуван по двете главни области. Телтов е земјоделски појас јужно од Берлин. Флеминг е пошумен ридски масив во јужниот дел; делот од областа сместен во округот е наречен Долен Флеминг, додека Горен Флеминг се наоѓа во округот Потсдам-Мителмарк. ИсторијаОкругот бил создаден во декември 1993 со спојување на претходните окрузи Лукенвалде, Јитербог и Цосен, но исто така и мали делови од другите поранешни окрузи, како Лукау. РазноВо периодот од 1997 до 2001, округот имал најголем пораст на БДП од сите окрузи во Германија со стапка од 56,1%.[2] Флеминг-Скејт („Fläming-Skate“) — 160 километри долга патека специјализирана за возење ролерки, единствена од таков вид во Германија. Интересно, градот Телтов не е дел од округот Телтов-Флеминг, како што и градот Даме не е дел од округот Даме-Шпревалд. Грб
Градови и општини
НаводиНадворешни врски
52°5′N 13°18′E / 52.083°N 13.300°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia