Тенис - Жени поединечно
на Летните олимписки игри 2012 |
---|
 Медалистките во женска поединечна конкуренција |
Место | Ол Ингланд клуб, Вимблдон |
---|
Денови | 28 јули до 4 август |
---|
Натпреварувачи | 64 од 33 земји |
---|
Медалисти |
---|
|
|
Тенискиот турнир во женска поединечна конкуренција на Летните олимписки игри 2012 во Лондон се одржал во Ол Ингланд клубот во Вимблдон од 28 јули до 4 август 2012 година, и бил првиот олимписки турнир кој се одиграл на трева, откако тенисот повторно бил воведен на игрите од 1988 година.[1] Ждребот бил составен од 64 тенисерки од 33 држави.[2]
Елена Дементиева била актуелен шампион и бранител на златниот медал освоен на игрите во 2008 во Пекинг.[3] Сепак, таа се повлекла од активното играње на овој спорт во 2010 година и со тоа не била во можност да ја брани титулата на овој турнир. Првото коло донело неколку изненадувачки резултати, така што Ли На и Саманта Стосур биле елиминирани во три сета. Најголемото изненадување го направила Јулија Гергес совладувајќи ја финалистката на Вимблдон Агњешка Радванска во три тесни сета.
Во финалето на турнирот се сретнале Серена Вилијамс и Марија Шарапова, и двете тенисерки се бореле за кариерен златен слем. Вилијамс го освоила златниот медал (без да загуби сет, без да загуби повеќе од три гема во кој било сет и без да загуби повеќе од пет гема на ниту еден меч) и станала втората тенисерка што освоила кариерен златен слем по Штефи Граф. Вилијамс, исто така, станала првиот играч во овој спорт, маж или жена, која освоила кариерен златен слем и во поединечна и во конкуренција на двојки. Сребрениот медал го освоила Марија Шарапова, а бронзениот медал го освоила Викторија Азаренка, која ја победила Марија Кириленко во натпреварот за тоа одличје со 6–3, 6–4. Интересно е тоа што Кириленко следниот ден успеала да освои бронзен медал, но во двојки.
Општо
Ова било 12-тото издание (на кое се доделуваат медали) на олимпискиот тениски турнир во женска поединечна конкуренција. Турниот во женска поединечна конкуренција се одржал само еднаш за време на првите три Летни олимписки игри (во 1896 и 1904 година се играло само машки тенис), но се одржувал на секоја Олимпијада на која имало тениски турнир од 1908 година. Тенисот не бил застапен во олимписката програма во периодот 1928-1984 година, иако имало два демонстративни турнири во 1968 и 1984 година на нив не се доделувале медали за тенис.[2]
Квалификации
Квалификациите за женска поединечна конкуренција биле првенствено преку ВТА ранг-листата објавена на 11 јуни 2012 година. Дополнително ограничување било дека тенисерките требало да настапат на два натпревари од Били Џин Кинг купот помеѓу 2009 и 2012 година. Земјите биле ограничени на четири играчи уште воведувањето на ова правило на игрите во 2000 година, па така било и на овие. Ждребот бил составен од 64 места. Првите 56 биле доделени преку светското рангирање. Имало две места кои биле пополниети со покани од Трипартирната комисијата, а последните 6 места биле за квалификации доделени од ИТФ врз основа на континентална и национална репрезентација, заедно со светската ранг-листа.
Формат на натпреварување
Натпреварувањето било турнир на единечна елиминација со натпревар за бронзен медал. Натпреварите се играле во два добиена сета. Во последниот (одлучувачки) сет не се играло тајбрејк, туку на два гема разлика.
Распоред
Натпреварите се одиграле од 28 јули до 4 август.[4]
јули
|
август
|
28
|
29
|
30
|
31
|
1
|
2
|
3
|
4
|
11:30
|
11:30
|
11:30
|
11:30
|
11:30
|
11:30
|
12:00
|
12:00
|
Прво коло
|
Прво коло Второ коло
|
Второ коло
|
Трето коло
|
Четврто коло
|
Полуфинале
|
Бронзен медал Златен медал
|
Носители
Ждреб
- Легенда
- -Q- = квалификант
(англиски: Qualifier)
- -WC- = повик од организаторот
(англиски: Wild Card)
- -LL- = „среќен губитник“
(англиски: Lucky Loser)
|
- -ALT- = замена
(англиски: Alternate)
- -SE- = посебна поштеда
(англиски: Special Exempt)
- -PR- = заштитен ранкинг
(англиски: Protected Ranking)
- -IP- = ИТФ место
(англиски: ITF place)
|
- -w/o- = предавање пред натпреварот
(англиски: Walkover)
- -r- = предавање во текот на натпреварот
(англиски: Retired)
- -d- = дисквалификација во текот на натпреварот
(англиски: Defaulted)
|
Завршница на турнирот
Горна половина на ждребот
Сектор 1
Сектор 2
Долна половина на ждребот
Сектор 3
Сектор 4
Наводи
Надворешни врски
|
---|
| Турнири | Мажи поединечно | |
---|
| Мажи двојки | |
---|
| Жени поединечно | |
---|
| Жени двојки | |
---|
| Мешани двојки | |
---|
| |
---|
| |
|