Тенис на Летните олимписки игри 2012
Тенискиот турнир на Летните олимписки игри 2012 во Лондон беше одржан на Ол Ингланд Клубот во Вимблдон, од 28 јули до 5 август. Ова било првпат тенискиот турнир да биде одигран на тревна подлога од кога е додаден тенисот на официјалната програма на Летните олимписки игри.[1] Вкупно 190 играчи се натпреварувале во пет дисциплини: поединечно и во двојки во машка и женска конкуренција и мешани двојки. Ниту еден од бранителите во поединечна конкуренција не учествувал, бидејќи Елена Дементиева се пензионирала од професионалниот тенис во 2010[2], а Рафаел Надал го откажал учеството на игрите поради повреда.[3] Во финалето во машка конкуренција, Енди Мареј го освоил златниот медал победувајќи го Рожер Федерер, а во женска конкуренција Серена Вилијамс била подобра од Марија Шарапова, а заедно со нејзината сестра Венус Вилијамс го одбранила и златото во двојки. Во машки двојки, златниот медал го освоиле Браќата Брајан. Серена Вилијамс станала втората тенисерка во светот, која освоила златен Гренд Слем во кариерата откако го освоила златниот медал, и прва тенисерка во светот, која освоила златен гренд слем и во поединечна конкуренција и во игра на двојки.[4] Турнир![]() На овие Летни олимписки игри, тенисот по четиринаесетти пат бил дел од официјалната програма на игрите (не вклучувајќи ги игрите во 1968 и 1984, кога тенисот бил демонстративен спорт), и по седми пат од 1988, кога службено бил вратен во програмата на игрите. Мешаните двојки се вратиле на програмата на игрите за првпат по 1924 година.[5][6] Лондонскиот турнир беше игран на познатиот Ол Ингланд Клуб, само три недели по завршувањето на Вимблдон. За разлика од гренд слемот, тенисерите не биле обврзани да носат исклучиво бела опрема која е традиционална и задолжителна на Вимблдонскиот Гренд слем, туку тие настапиле во боите на своите држави. Терените исто така биле обележани со службени олимписки обележја. Натпреварите се играле на 12 терени.[7] Олимпискиот турнир бил заеднички организиран од страна на ИТФ, МОК и Ол Ингланд Клубот. Сите дисциплини во двете категории биле дел од календарот на АТП и ВТА за 2012 година.[8] Бодови за АТП и ВТА листaВрз основа на пласманот на турнирот, тенисерите ќе го добијат следниот број на бодови според АТП и ВТА листата:
Систем на квалификацииВо поединечна конкуренција, директен пласман на игрите обезбедиле најдобрите 56 тенисери и тенисерки на АТП и ВТА листата заклучно со 11 јуни 2012 година. Меѓутоа, секој НОК имал право да пријави најмногу 4 тенисери и 4 тенисерки во поединечна конкуренција, што значи дека играчите кои биле во најдобрите 56 но не и во првите 4 на листите на своите држави немале право на настап, а нивните места ги заземале играчите под 56-то место на ранг листите кои биле претставници на држави кои немале 4 претставници. Играчите можеле да учествуваат доколку имале доволен број на настапи во Дејвис Купот или Фед Купот во две од следнииве години: 2009, 2010, 2011, 2012, и една од години морала да биде 2011 или 2012.[9] За преостанатите осум места, ИТФ доделила шест специјални покани (вајлд карти) на државите со најдобар ранкинг (кои немаат 4 квалификувани играчи од АТП и ВТА листите) и последните две места биле обезбедени за играчи од мали земји. Во конкуренција на двојки, дваесет и четири парови директно се пласирале според ранкингот заклучно со 11 јуни 2012, а секоја држава имала право да пријави по два пара. Играчите кои се наоѓале во најдобрите 10 на ранг листите имале право на настап, само доколку обезбедат партнер за настап на игрите без разлика на ранкингот. Преостанатите осум пара биле одредени од страна на ИТФ. Мешаните двојки биле одредени во текот на игрите.[10][11] Формат на натпреварувањеВо поединечна конкуренција се натпреваруваат вкупно 64 тенисери и тенисерки а турнирот се одвива во шест елиминациони рунди. Во конкуренција на двојки учествуваат по 32 пара и турнирот се одвива во пет елиминациони рунди, а мешаните парови (16 пара) се распоредени во четири рунди.[12] За разлика од останатите професионални тениски турнири, играчите (паровите) кои се поразени во полуфиналето се борат за бронзен медал. Сите натпревари се играат во два добиени сета, освен машкото финале во поединечна конкуренција кое се игра во пет сета. Тај-брејк системот се користи во сите сетови освен во одлучувачкиот сет, кој се игра на два гема разлиика. Исклучок се машаните парови, кои третиот сет го играат до 10 добиени бодови. Распоред
Освојувачи на медалиДисциплиниТабела на медали
Играчи со вајлд карта
Мешани двојкиСледниве мешани парови добиле покана за настап од ИТФ:[13]
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia