Тенис на Летните олимписки игри 2000 - мажи поединечно
Тенискиот турнир во машка поединечна конкуренција на Летните олимписки игри 2000 во Сиднеј се одржал од 19 до 28 септември во НСВ тенискиот центар во Сиднеј, Австралија. Учествувале 64 натпреварувачи од 32 земји.[1] Земјите можеле да пријават по четири играчи, наспроти дотогашните тројца во претходните игри. Андре Агаси бил бранител на златниот медал, освоен на олимпискиот турнир во 1996, но тој не учествувал на игрите 2000. Така, нов носител на златниот медал станал Евгени Кафелников од Русија, кој во финалето го победил Томи Хас од Германија со 7–6(7–4), 3–6, 6–2, 4–6, 6–3. Арно Ди Пасквале од Франција го освоил бронзениот медал, совладувајќи го во натпррварот за ова одличје, тогаш младиот и релативно неискусен швајцарски тенисер, Роџер Федерер. Златото на Кафелников бил првиот медал во машка поединечна конкуренција за Русија, иако рускиот играч Андреј Черкасов освоил бронза играјќи за Обединетиот тим на игрите во 1992 година. Франција и Германија ги освоиле своите први медали во оваа конкуренција од 1924, и 1912 година, соодветно. ОпштоОва било 11-тото издание (на кое се доделувале медали) на тенискиот турнир во машка поединечна конкуренција. Оваа дисциплина се одржала на секоја Летна олимпијада каде што тенисот бил застапен како спорт во програмата: од 1896 до 1924 година, а потоа од 1988 година до оваа олимпијада во Сиднеј 2000. Демонстративни настани биле одржани во 1968 и 1984 година. Носител број еден на овој олимписки турнир бил Марат Сафин од Русија, а американците Пит Сампрас и Андре Агаси (бранителот на титулата) не учествувале на игрите.[1] Двајца од осумте четвртфиналисти од турнирот во 1996 година се вратиле да учествуваат и на овој олимписки турнир: носителот на бронзениот медал Леандер Паес од Индија и четвртфиналистот Вејн Фереира од Јужна Африка. Бенин, Белорусија, Боливија, Костарика и Тајланд биле државите кои го направиле своето деби на олимписките игри во тенис во машка поединечна конконкуренција. Франција го забележала својот 10-ти настап, најмногу меѓу сите земји, пропуштајќи го само турнирот во 1904 година. РаспоредСите времиња се според Австралиското источно време (UTC+10)
Носители
ЖдребЗавршница на турнирот
Горна половина на ждреботСектор 1
Сектор 2
Долна половина на ждреботСектор 3
Сектор 4
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia