Мичелтон-Скот (англиски: Orica-Scott; кратенка според UCI: MTS) — австралиска професионална велосипедскадрумска екипа, која била основана во јануари 2011 година. Настапува во рамките на Светската турнеја. Екипата е под водство на Ендру Рајан и Шејн Банан со Нил Стивенс и Мет Вајт[1] како спортски директори.[2] Екипата вози со Скот велосипеди,[3] носат дресови Крафт и очиле Боле.[4] Екипата има финансиска поддршка од австралискиот стопанственик Гери Рајан[5], кој ги поседува Џајко Австралија, претпријатие за приколки.[6]
Повеќето возачи во екипата се Австралијци, а екипата соработува со Тим Џајко-АИС.[7] Екипата исто така има женска екипа и ги поддржува возачите кои настапуваат во велодромскиот велосипедизам.[8]