Андре Ширле
Андре Хорст Ширле (роден на 6 ноември 1990) — германски фудбалер, напаѓач или крило на Борусија Дортмунд во Бундеслигата и на германската репрезентација. Тој ја започнал својата кариера во Мајнц 05 во 2009, поминувајќи две години во клубот пред да направи трансфер од 6.5 милиони фунти во Бајер Леверкузен. По одличните настапи во Леверкузен, во 2013 година, Ширле потпишал договор со Челзи кој изнесувал 18 милиони фунти. Ширле е постојан репрезентативец на Германија од 2010, и за репрезентацијата на Германија има одиграно преку 30 натпревари и има постигнато 16 голови. Тој бил дел од германскиот состав кој стигнал до полуфиналето на Европското првенство 2012 како и од златниот состав на германија на Светското првенство 2014. Во продолженијата на финалниот натпревар во Бразил, тој бил асистент на победничкиот гол на Марио Геце во победата против Аргентина. Технички одликиШирле за Челзи вообиачаено игра како крилен напаѓач иако неговата природна позиција е втор напаѓач.[3] Најдобар дел во играта на Ширле се неговите "долги противнапад спринтови."[3] Ширле исто така поседува одлично ниво на фитнес, издржливост и брзина.[3] Тој е познат како "добар завршувач на напади" и има "способност за делотворно изведување на противнапади."[3] Клупска кариераПочетоциШирле ја започнал својата кариера во локалниот фудбалски клуб Лудвигсхафенер, а во 2006 се приклучил на младинскиот тим на Мајнц 05. Тој три години бил дел од младинскиот тим на клубот, со кој ја освоил Бундеслигата до 19 години во 2009. Мајнц 05Во Август 2009, Ширле го одиграл својот прв натпревар во Бундеслигата во ремито 2-2 против Баер Леверкузен во првото коло од сезоната 2009-10.[4] Следниот месец, на 19 септември 2009, Ширле ги постигнал своите први два гола во победата од 3–2 на гостински терен против Бохум, а потоа кон крајот на неделата потпишал и професионален договор со клубот.[5] Во септември 2010, Мајнц 05 објавил дека Ширле потпишал петгодишен договор со Баер Леверкузен, и ќе му се приклучи на новиот клуб на крајот на престојната сезона. Договорената трансфер сума помеѓу двата клуба се верува дека изнесува околу 8 милиони евра.[4] Баер ЛеверкузенШирле му се приклучил на Баер Леверкузен во 2011,[6] потпишувајќи петгодишен договор со клубот до летото 2016.[7] Тој постигнал гол уште на првиот натпревар за клубот, во германскиот куп против Динамо Дрезден. Тој морал да почека до 15 октомври 2011 за да може да настапува во Бундеслигата за Баер Леверкузен, а својот прв гол го постигнал против Борусија Менхенгладбах, со што го израмнил резултатот на 2–2 и му обезбедил бод на своот тим.[8] Ширле својот прв гол во европските натпреварувања го запишал во Лигата на шампионите во домашната победа над Валенсија.[9] Во сезоната 2012-13, Ширле својот прв лигашки гол го постигнал против Аугсбург во победата од 3–1.[10] Во натпреварот против Баерн Минхен на 28 октомври 2012, Ширле бил асистент на голот на Штефан Кислинг во победата од 2–1 на Алијанц Арената. Овој пораз за Баерн Минхен бил прв во сезоната, додека пак Баер Леверкузен успеал да победи во Минхен првпат по октомври 1989.[11] На 30 март 2013, Ширле бил стрелец на два гола во победата од 4–1 над Фортуна Диселдорф.[12] На 20 април 2013, Ширле запишал два гола и асистенција во одличната домашна победа од 5–0 над Хофенхајм.[13] Оваа сезона ширле ја завршил со 14 голови и 9 асистенции во 43 натпревари во сите конкуренции.[14] Челзи![]() ![]() На 18 април 2013, било потврдено дека спортскиот директор на Баер Леверкузен, Руди Фелер, отпатувал во Лондон да преговара со Челзи за трансфер на Ширле, иако ниту една сума сè уште не била договорена.[15] На 13 јуни 2013, Челзи преку офцијалното мрежно место потврдил дека постигнал договор со Баер Леверкузен за трансферот на Ширле,[16] за сума од 21 милиони евра (18 милиони фунти).[17][18] Ширле потпишал петгодишен договор со клубот од Лондон, и го добил бројот 14.[19] На 4 август Ширле го постигнал првиот гол во дресот на челзи во претсезонскиот пријателски натпревар против Милан на турнејата во САД.[20] На 18 август 2013, Ширле го одиграл својот прв првенствен натпревар за Челзи, влегувајќи од клупата во игра во 67. минута заменувајќи го Кевин Де Брајне во победата од 2–0 против Хал Сити на Стамфорд Бриџ.[21] Првиот гол за клубот Ширле го постигнал во домашната победа од 2–1 против конкурентот за титулата Манчестер Сити на 27 октомври 2013, постигнувајќи гол по асистенцијата на Фернандо Торес.[22] На 7 декември 2013, тој бил стрелец на двата гола на Челзи во поразот од 3–2 против Стоук Сити.[23] На 1 март 2014, Ширле го постигнал својот прв хет-трик во Премиер лигата, против Фулам во победата од 3–1 на гостински терен во дербито на западен Лондон.[24] На 22 март 2014, Ширле најпрво бил асистент на голот на Самуел Ето во 5. минута а две минути подоцна самиот го погодил голот за предност од 2-0 на сините против Арсенал, во победата од 6–0, во која Ширле бил прогласен за играч на натпреварот.[25] На 8 април 2014, Ширле бил стрелец на гол во вториот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ со што Челзи успеал да го надомести поразот од 3–1 во првиот натпревар, добивајќи го натпреварот со 2–0 и пласирајќи се во полуфиналето поради повеќе постигнати голови на гостински терен.[26] Тој првата сезона во Премиер лигата ја завршил со 8 голови во 30 натпревари. Репрезентативна кариера![]() ![]() Младински тимСвојот прв настап за репрезентацијата до 19 години, Ширле го остварил во европските квалификации против Луксембург, натпревар кој Германија го добила со 3–0. По одличните настапи во Мајнц 05 во Бундеслигата, тој бил повикан во германскиот состав до 21 година во 2009. Сениорски тимВо ноември 2010, Ширле добил повик за настап во сениорскиот тим.[27] Својот прв натпревар во германскиот дрес, Ширле го одиграл против Шведска, влегувајќи во игра 79. минута од натпреварот. Ширле и Марио Геце, кој влегол во игра истовремено, биле првите двајца германски репрезентатици кои биле родени во обединета Германија.[28] На 29 мај 2011, Ширле го постигнал својот прв гол за сениорскиот тим, во победата од 2–1 на пријателскиот натпревар против Уругвај.[29] Ширле бил избран во составот на Германија за квалификациите за Европското првенство 2012. Тој бил стрелец на гол против Азербејџан во победата од 3–1, на 7 јуни 2011.[30] На 2 септември 2011, тој повторно дал гол во победата од 6–2 против Австрија.[31] Во следниот квалификациски натпревар против Белгија, Ширле за првпат во квалификациите започнал од почетокот на натпреварот, и во 33. минута успеал да го совлада Симон Мињоле.[32] Откако успеал трипати да ги затресе противничките мрежи, а Германија ги добила сите натпревари во квалификациската група, Ширле бил именуван во списокот од 23 играчи за Европското првенство 2012 и му бил доделен дресот со број девет.[31] На 17 јуни, тој го остварил својот прв настап на првенството, заменувајќи го Лукас Подолски во 64. минута, во победата од 2–1 против Данска.[33] На 15 октомври 2013, Ширле постигнал хет-трик во гостинската победа од 5–3 против Шведска во квалификациите за Светското првенство 2014.[34] Ширле бил именуван во германскиот состав за Светското првенство 2014.[35] Својот прв настап на светските првенства Ширле го забележал влегувајќи од клупата на натпреварот против Португалија кој завршил со убедлива победа на Германија од 4-0.[36] Во победата од 2–1 против Алжир во осминафиналето, Ширле го заменил Геце на почетокот на второто полувреме и го постигнал првиот гол на натпреварот во втората минута од продолженијата.[37] На 8 јули, тој ги постигнал последните два гола на Германија во неверојатната полуфинална победа над Бразил од 7-1 откако влегол во игра заменувајќи го Мирослав Клозе во 58. минута.[38] Во финалето против Аргентина, Ширле повторно натпреварот го започнал од клупата за резервни играчи, но набргу влегол во игра по повредата на Кристоф Крамер. Во 113. минута од натпреварот, тој бил асистент на победничкиот гол на Германија, кој го постигнал Марио Геце.[39] Репрезентативни голови
УспесиЧелзи
ГерманијаНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia