Трановалто
Трановалто (грчки: Τρανόβαλτο) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Серфиџе на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 614 жители (2021). Географија и местоположбаСелото се наоѓа околу 25 км југозападно од општинскиот центар Серфиџе, во непосредна близина на Зиданскиот манастир, во северозападните падини на планината Камбуница и во западното подножје на планината Алонорахи, на надморска височина од 670 м.[2] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоНеговото население уште од порано има грчко потекло.[2] Денешното село е основано околу 1872 година. Порано, на неговата денешна месност постоели три помали населби.[3] Во XIX век Трановалто било грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот санџак. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мегалос Валтос се води како чисто грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот санџак со 50 куќи.[4] Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Трановалтон живееле 300 Грци христијани.[5] Според грчка атинска статистика од 1910 година во Трановалто живееле 300 Грци христијани.[6] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година тоа броело 326 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 338 лица.[2] Во 1950-тите се доселени семејства од планинското село Падеж, поради што во пописот од 1951 г. броело 1.093 жители, а во 1961 г. 911 лица.[2] СтопанствоНаселението произведува пченка, жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.[2] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Општествени установи
Самоуправа и политикаВо 1918 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 86 квадратни километри.[2] Општината Трановалто била приклучена во општината Камбуница во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Серфиџе. Селото припаѓа на општинската единица Камбуница со седиште во селото, која припаѓа на поголемата општина Серфиџе, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Трановалто, во кој влегуваат Лазарадес и Низиско. Културни и природни знаменитостиЦркви[7]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia