Трајче Крстески
Трајче Крстески (Прилеп, 18 мај 1950 - Прилеп, 18 декември 2016) — македонски раскажувач, романописец, драмски писател, поет, новинар, уредник и издавач. ЖивотописОсновно и средно образование завршува во родниот град. Студирал книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј” во Скопје. Работел како новинар во Радио Скопје. Од 1970 година е уредник во списанието за книжевност и општествени прашања „Стремеж” (Прилеп), а од 1984 работи како главен и одговорен уредник во издавачката дејност на тоа списание. Иако своите први книжевни остварувања (раскази) почнал да ги објавува уште во 1967 година, Крстески ѝ припаѓа на тнр. четврта генерација повоени македонски писатели кои на книжевната сцена се афирмирале во текот на седумдесеттите години на XX век. Како раскажувач и романописец тој е вообичаен претставник на својата генерација, исцело свртена кон пронаоѓање нови, антитрадиционални модели на прозниот дискурс. Внесувајќи одредена доза на (само)иронија и сарказам во просторите на текот на свеста, користејќи крајно рационализирани дијалози во сосема нерационалните околности на неговите сложени, понекогаш и кафкијански заплеткани и непроодни фабули, тој создал препознатлив вид на нова проза во рамките на македонската рана постмодерна (Васе Манчев, Митко Маџунков, Алдо Климан, Зоран Ковачевски), по која следувал тнр. петтиот круг (Венко Андоновски, Драги Михајловски, Александар Прокопиев, Јадранка Владова, Димитрие Дурацовски, Ким Мехмети и др.). mojsieva-gusheva/postmodernizmot.htm[мртва врска] [1] Архивирано на 23 мај 2007 г. Не оддалечувајќи се од општата мрачна и апатична атмосфера што ја обвива неговата проза, а сега и под очигледно влијание на европската антидрама (Јонеско /Ionesco/, Олби /Albee/, Бекет /Beckett/), Крстески напиша и неколку драмски текстови, но со нив сепак ѝ остана поблизок на читателската одошто на театарската публика. Негови раскази застапени се во повеќе антологии на современата македонска проза и се преведени на повеќе светски јазици. Трајче Крстески живеел и создавал во Прилеп, каде и починал на 18 декември 2016 година.[1] Библиографија
Награди
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia