Трајче Стреоски
Трајче Миланов Стреоски ( 1919 во Орланци (Кичевско) — 1944 во Десово, Прилепско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1] ЖивотописПоради тоа што неговите родители биле печалбари во Загреб, имал можност да се школува и да заврши шест класа гимназија. Некое време работел во старата општина во селото Ижиште. Уште од првите денови на НОВ, како напреден младинец, работел за народноослободителната војска на Македонија. Во летото 1943 годинa, како член на СКОЈ, меѓу првите се поврзал со Кире Гаврилоски-Јане кој работел на овој терен како nозадински работник и член на Обласниот комитет за Прилепската општина. Трајче бил мобилизиран од бугарската војска за воена вежба, но знаејќи ја намерата на окупаторот, избегал и заминал во партизани во есента 1943 година во редовите на Првата македонско-косовска бригада. Со Бригадата заминал за Егејска Македонија, каде учествувал во пробојот на Богомила. Бил со отцепената група и во февруари 1944 година загинал кај Клетовник (Десово) - Прилепско во борба со бугарските војници.[1] ПоврзаноНаводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia