Турбе на кралската ќерка![]() ![]() Турбе на кралската ќерка или турбе „Крал К’зи“ — турбе кое според едно толкување била гробница на ќерката на последниот босански крал Стефан, Катерина Котроманиќ, која како заробеник живеела кај Гази Иса-бег, што во превод значи „гробница на кралевата ќерка". Се наоѓа на источната падина на населбата Гази Баба, во непосредна близина на природно-математичкиот факултет. Турбето било во состав на познатите муслимански гробишта, коишто биле сместени на ова брдо[1]. Турбето било градено од камен и цигли. На квадратната основа биле четири столба со зашилени врвови, а покриено со купола на четири вода. Се претпоставува дека турбето било изградено кон крајот на XV или почетокот на XVI век[1]. Ова турбе го посетувале муслиманите, но и христијаните кај кои останала долга традиција дека станува збор за почитувана кралска ќерка.[2] Турбето денес е целосно реконструирано во 2014 г.[3] согласно одлуката на Министерството за култура на Македонија од 2011 г.[4] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia