Турбе на Јигит-паша

Турбе на Јигит-паша
Карта
МестоСтара чаршија, Општина Чаир
ОбластСкопје, Македонија
Координати42°00′09″N 21°26′18″E / 42.002365°N 21.438358°E / 42.002365; 21.438358
Видтурбе
Историја
Изграденo1426
Раздобјеосманлиско време
КорисникЈигит-паша
Белешки за наоѓалиштето
Состојбаобновено (2016)
Јавен пристапда
Архитектура
Стиловиосманлиски
Прогласено заКултурно наследство на Македонија

Турбе на Јигит-пашатурбе во Скопје коешто се наоѓа во Старата скопска чаршија. Во него е погребан освојувачот на Скопје — Јигит-паша.[1] Прогласено е за културно наследство на Македонија.

Местоположба

Турбето се ноѓа во непосредна близина на пазариштето Бит-пазар, меѓу улиците „Битпазарска“, „Покриена чаршија“ и „192“.[2]

Историја

Турбето било изградено во 1426 г. и било во склоп на Јигит-пашината џамија којашто била разрушена во 1943 година. Срушено е во Скопскиот земјотрес од 1963 година.[2] Во 2014 година, на местото на коешто се наоѓало се спроведени археолошки истражувања, а потоа било обновено врз основа на првобитниот излгед и било отворено за јавноста на 1 јули 2016 година.[1]

Архитектура

Гробот пред обновувањето на турбето

Тюрбето спаѓа во групата на отворени турбиња со купола и тамбур. Неговата основа е шестаголна со страни чојашто должина изнесува 2,5 м и диајгонали со должина од околу 5 м. Основата е изградена од редови делкан камен, меѓу кои има и редови тули. На аглите има шест столба коишто завршуваат со остар прекршен лак и кои го придржуваат осумаголниот тамбур над којшто е поставена куполата. Под тамбурот има забест венец од два реда тули, а преминот кон куполата е со пандантиви. Куполата е покриена со олова. Во нејзината внатрешност е украсена. Гробот на Јигит-паша е сместен во засводена крипта од тули под самото турбе. На криптата е поставен саркофагот со нишан.[2]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya