Турбе на Али-паша од Дагестан — османлиска гробница (турбе) во Чаир, Скопје.[1] Прогласено е за културно наследство на Македонија како дел од комплексот на Султан-муратовата џамија во кој се наоѓа.
Турбето е изградено во 1188 година од хиџрата (= 1774 од Христа). Му припаѓа на типот отворени турбиња со купола на шестаголна основа, покриена со олова и потппрена на шест масивни столба. Изградено е од делкан камен, со олово како врзивен материјал. Оштетено е во Скопскиот земјотрес од 1963 г. но потоа поправено. На фасадата во низок релјеф се претставени џамија со минаре, друго минаре со жлебови и две вазни со цвеќе. Во внатрешноста има два камени саркофага во кои се погребани жената и ќерката на Али-паша од Дагестан.[1] За погребаните жени стои натпис на турски:
„
|
Ова е гроб на Ајша, ќерка на Зејнеб анама, зеница на нејзиното око, од чистата крв на прочуениот Али-паша. Саканата ѝ мајка не можеше да ја преживее смртта на својата ќерка, затоа рече: ’Господе, сакам да бидам заедно со својата ќерка, затоа што како јагне на градите сум ја доела. Нека ми остане во скутот до крајот на светот и векот, како пупка трендафил!‘ Тоа му беше угодно на божјото провидение. И така утредента по смртта на девојката, по оваа мајчинска молба, и таа умре. Беше удостоена со Божјиот повик: ’При мене дојди! Елај, седни и молитва за покој на душата Ајшина читај!‘
Година хиџриска 1188.[2]
|
“
|
Поврзано
Наводи
Надворешни врски