Турханли
Турханли или Троханли (грчки: Λακκιά, Лакија; до 1927 г. Τροχανλή, Троханли[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Седес на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 398 жители (2021). Географија и местоположбаСелото е сместено во северозападниот дел на Халкдичкиот Полуостров, околу 35 км југоисточно од градот Солун, во непосредна близина на патот Солун-Ерисово (ЕО16), во јужното подножје на планината Хортач, на надморска височина од 100 м.[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Турханли било турско село во Солунската каза на Солунскиот санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Турханли имало 85 жители Турци.[4] Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 59 жители, кои поради војните во 1920 г. се зголемиле на 101 лице.[3] Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 29 бегалски семејстви (вкупно 98 бегалци) од селото Дереќој во Мала Азија[5], така што селото станало бегалска населба.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Лакија (Λακκιά).[2] СтопанствоСелото е полупланинско и прилично бедно. Населението произведува тутун, жито и други земјоделски производи.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Царево Село со седиште во истоимената населба, која припаѓа на поголемата општина Седес, во округот Солун. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Царево Село, во кој влегува и истоименото село. Културни и природни знаменитостиЦркви
Параклиси
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia