Уж
Уж (украински: Уж, словачки: Uh, унгарски: Ung, полски: Uż) — река во Украина и Словачка. Реката е извира од Карпатите и на крај се влева во Лаборец, која пак тече низ низините на Закарпатската област во западна Украина. Претставува извор на хидроенергија за низа стопански дејности, се користи за наводнување и како извор на питка вода. По течението на Уж се среќаваат неколку поважни населени места, од кои најважен е Ужгород, кој е наречен по самата река.[1] Уж е долг 127 км, од кои 21,3 км се во Словачка. Се влева во Лаборец кај гратчето Драхњов во округот Михаловце, Кошички Крај. Крај реката се наоѓа и полусрушениот Невицки замок Реката ја исцртува словачко-украинската граница во должина од 1,5 км кај селото Пинковце. Потекло на иметоИмето на реката потекнува од стариот западнословенски збор уж, што значи змија. Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia