ФК Беласица
ФК Беласица — македонски фудбалски клуб од градот Струмица. Клубот е создаден во 1922 година. Беласица во моментов се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига - Исток. Своите домашни натпревари ги игра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица. ИсторијаБеласица заедно со Тиверија се првите фудбалски клубови од Струмица. Според историски извори фудбалот овде доаѓа од англиските војници, стационирани во градот по пробивот на Солунскиот фронт, кои им ја покажале играта на струмичани.[1] Фудбалот добил своја популарност во градот и се играл неколку години пред да се формира првиот клуб. Основањето на фудбалскиот клуб Беласица се случило на 13 август 1922 година. Основачкото собрание се одржало во една од градските кафани. На собранието дошле педесетина струмичани кои застанале зад оваа идеја. Тие за прв претседател го избрале Ѓорѓи Москов, а клубот го крстиле по планината Беласица. УспесиБеласица игра важна улога во македонскиот фудбал и често е претставувана како „фудбалски расадник на таленти“. Школата на ФК Беласица важи за една од најдобрите во Македонија.[2] Клубот има дадено повеќе играчи за националната репрезентација меѓу кои се: Горан Пандев, Ацо Стојков, Игор Ѓузелов, браќата Роберт и Горан Попов, Зоран Балдовалиев, Данчо Масев и други. Во периодот на СФР Југославија, највисокото натпреварување во кое настапувала Беласица била Втората сојузна лига.[3] Беласица играла во Втората југословенска лига во периодот од 1983 до 1987 година. За Беласица во тој период настапуваат: Петар Андреев, Милан Василев, Ристо Панов, Костадин Секулов, Томе Стојанов, Благој Митев, Трајче Георгиев, Глигор Узунов, Здравко Зајков,... По победата над Трепча, во јули 1988 година, Беласица се натпреварувала и во единствената Втора југословенска лига. Во независна Македонија клубот учествува во формирањето на Првата лига. Во периодот од 1992 до 1998 година, Беласица игра во Првата македонска лига. По испаѓањето игра две сезони во Втора македонска лига, за да во 2000 година, пак да се врати во Прва македонска лига, со млад надежен состав. Во 2002 и 2003 година е вице-шампион на Македонија и две сезони по ред игра во УЕФА Купот. Во 2006 година, Беласица пак испаѓа од Прва лига. Најпознатиот фудбалер на Беласица е македонскиот репрезентативец Горан Пандев. Овде се вбројува и легендата на клубот, голманот Благој Истатов, по кој пред извесен период ФК Беласица го именуваше својот стадион.[4]
Пласман во лигаВо табелата е наведено местото кое Беласица го зазела во секоја од сезоните во кои играла.
Легенда
Стадион![]() Домашниот терен на Беласица е стадионот „Благој Истатов“ во Струмица. Тој е изграден во 1950 година. Има капацитет за повеќе од 7 и пол илјади гледачи. Стадионот претрпува поголеми реконструкции во 2005 и во 2017 година. До 2019 година го носи името „Младост“, а познат е и како Градски стадион Струмица. „Благој Истатов“ денес е модерен стадион и според стандардите на УЕФА по реконструкцијата во 2017 година ги исполнува условите за квалитетни натпревари од висок ранг, што го прави единствен таков во државата заедно со Националната арена.[5] Македонската репрезентација во неколку наврати има одиграно меѓународни натпревари овде. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia