Роберт Попов (Струмица, 16 април 1982) — македонски поранешен професионален фудбалер кој играл на бековската позиција. Исто така бил член на Македонската фудбалска репрезентација. Тој е брат на фудбалерот Горан Попов.
Клупска кариера
Роберт е десен одбранбен играч или одранбен играч за врска. Кариерата ја започнал со ФК Беласица. Во 2003 година Попов потпишал со Литекс од Ловеч за сума од 200.000 евра.[1] Во мај 2004 година тој им помогнал да го освојат Купот на Бугарија. Во јануари 2008 година Роберт Попов потпишал со француски ФК Осер. Попов имал сериозна повреда додека бил во Осер, но кога се опоравил, не играл многу, па Попов и клубот меѓусебно се договориле да го раскинат неговиот договор во летото 2010 година.
Тој се пензионирал како фудбалер по крајот на сезоната 2015/16 кога играл во швајцарски Бирменсдорф.[2]
Меѓународна кариера
Под 19 години
Попов остварил 2 настапи за Македонија под 19 години. Во тие натпревари тој не постигал голови.[2]
Под 21 година
Попов остварил 5 настапи за Македонија под 21 година. Во тие натпревари тој не постигал голови.[2]
Сениорска репрезентација
Тој го имал своето сениорско деби за Македонија во јули 2001 година пријателски натпревар против Катар и има стекнато вкупно 16 натпревари, без постигнати голови.[3] Неговиот последен репрезентативен натпревар бил пријателскиот натпревар во ноември 2009 година против Иран.[4]
Список на натпреварите на Македонија во кои бил вклучен Попов.[5]
Датум |
Место |
Противник |
Резултат |
Натпреварување |
Минути на играње
|
24 јули 2001 |
Стадион „Жан Буин“, Париз, Франција |
Катар |
1-0 |
Пријателски натпревар |
45"
|
1 август 2001 |
Меѓународен стадион „Крал Фахд“, Ријад, Саудиска Арабија |
Саудиска Арабија |
1-1 |
Пријателски натпревар |
20"
|
17 април 2002 |
Стадион „Гоце Делчев“, Прилеп, Македонија |
Финска |
1-0 |
Пријателски натпревар |
45"
|
21 август 2002 |
Градски стадион Скопје, Скопје, Македонија |
Малта |
5-0 |
Пријателски натпревар |
45"
|
8 септември 2002 |
Стадион Рајнпарк, Вадуц, Лихтенштајн |
Лихтенштајн |
1-1 |
Квалификации за Европско првенство во фудбал 2004 |
32"
|
12 октомври 2002 |
Градски стадион Скопје, Скопје, Македонија |
Турција |
1-2 |
Квалификации за Европско првенство во фудбал 2004 |
45"
|
16 октомври 2002 |
Стадион Сенјт Мери, Саутхемптон, Обединето Кралство |
Англија |
2-2 |
Квалификации за Европско првенство во фудбал 2004 |
90"
|
11 октомври 2003 |
Стадион „Валериј Лобановски“, Киев, Украина |
Украина |
0-0 |
Пријателски натпревар |
45"
|
17 август 2005 |
Градски стадион Скопје, Скопје, Македонија |
Финска |
0-3 |
Квалификации за Светско првенство во фудбал 2006 |
90"
|
12 октомври 2005 |
Амстердам арена, Амстердам, Холандија |
Холандија |
0-0 |
Квалификации за Светско првенство во фудбал 2006 |
на клупа
|
15 октомври 2006 |
Градски стадион Скопје, Скопје, Македонија |
Русија |
0-2 |
Квалификации за Европско првенство во фудбал 2008 |
на клупа
|
24 март 2007 |
Стадион Максимир, Загреб, Хрватска |
Хрватска |
2-1 |
Квалификации за Европско првенство во фудбал 2008 |
90"
|
2 јуни 2007 |
Градски стадион Скопје, Скопје, Македонија |
Израел |
1-2 |
Квалификации за Европско првенство во фудбал 2008 |
на клупа
|
11 октомври 2009 |
Национална арена „Филип II Македонски“, Скопје, Македонија |
Катар |
1-2 |
Пријателски натпревар |
45"
|
14 октомври 2009 |
Национална арена „Филип II Македонски“, Скопје, Македонија |
Канада |
1-2 |
Пријателски натпревар |
45"
|
18 октомври 2009 |
Спортски комплекс Азади, Техеран, Иран |
Иран |
1-1 |
Пријателски натпревар |
45"
|
Наводи
Надворешни врски