Ферчо Поп-Ѓорѓиев
Ферчо Поп Ѓорѓиев ( 1916 во Ваташа — 16 јуни 1943 во Ваташа) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија. Едно од стреланите лица во Масакрот во Ваташа.[1] ЖивотописПо занимање бил берберски работник, неговиот дуќан бил свртилиште на ваташките младинци. Уште од рани години се вклучил во редовите на антифашистичкото движење и активно соработувал со организираните ваташки младинци. Неговата куќа била сигурно место за престој на голем број илегалци, а во текот на 1942 година во неа престојувале и група борци од велешкиот партизански одред „Димитар Влахов”. Неговата активност била особено голема во времето на подготовките за исфрлање на тиквешкиот партизански одред „Добри Даскалов”.[1] Масакрот на ваташките деца![]() Во времето на јунската бугарска офанзива кога одредот бил разбиен на помали групи Ферчо активно помагал во прифаќањето и спроведувањето на групите во атарот на селото Ваташа. На 16 јуни Ферчо бил уапсен од бугарската полиција и стрелан заедно со останатите ваташки младинци во месноста Моклиште. Како еден од повозрасните врз него бугарските фашисти го истуриле сиот свој бес. Вилицата му била скршена, нозете под колената исечени, а целото тело било избодено со бајонети.[1]
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia