Современа физика![]() Современа физика — обид да се разберат основните процеси на заемодејствата на материјата за користење на алатки во науката и инженерството. Се подразбира дека описите на појавите на XIX век не се доволни за да се опише природата, споредено со современите инструменти се воочила потребата од вградување на елементи на квантната механика и теоријата за релативноста. Малите брзини и големите растојанија вообичаено се користат во класичната физика. Современата физика честопати ги вклучува екстремните услови; во пракса квантните ефекти обично ги вклучуваат растојанијата споредливи со атомот (грубо 10−9 m), додека релативистичките ефекти обично ги вклучуваат брзини споредливи со брзината на светлината (грубо околу 108 m/s). Преглед
Во буквална смисла поимот современа физика, значи да си во тек со настаните во физиката. Во оваа смисла, значителен дел од т.н. класична физика е современ. Сепак, околу 1890 година новите откритија предизвикаа значителни парадигматски смени: воведувањето на квантната механика (КМ), и Ајнштајновата релативност (АР). Физиката која вклучува елементи и од КМ или АР (или двете) се вели дека тоа е современа физка. Ова е второто начелно користење на поимот. Современата физика честопати се среќава кога се разгледуваат екстремни услови. Квантно механичките ефекти се значајни кога се работи со „ниски“ (ниски температури, мали растојанија), додека релативистичките ефекти се значајни кога се работи за „големи“ (големи брзини, големи растојанија), на „средина“ е класичната физика. На пример, кога се анализира однесувањето на гас при собна температура, повеќето појави ќе ја вклучуваат Максвел-Болцмановата распределба (класична). Меѓутоа во близина на апсолутната нула Максвел-Болцмановата распределба не го зема предвид набљудувањето на гасот, и (современата) Ферми-Диракова или Бозе-Ајнштајнова распределба треба да го користат при разгледувањето на гасот.
Многу често, можно е да се најде или „добие“ - класичното однесување од современиот опис преку анализа на истиот при мали брзини на големи растојанија со воведување на гранични вредности или со земање на приближни вредности. Кога се применува ваков начин на работа, резултатите се класично ограничени. ![]()
Белегот на современата физикаТие обично се сметаат за теми од јадрото на „основата“ на современата физика:
Поврзано
Наводи
Дополнителна литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia