Финале на УЕФА Лигата на шампионите во 2003 година
Финале на УЕФА Лигата на шампиони во 2003 година — финале на Лигата на шампионите 2002-03, кое се одиграло на Олд Трафорд во Манчестер, Англија, на 28 мај 2003 година. На натпреварот се натпреварувале двата италијански тимови: Јувентус и Милан. Натпреварот бил првиот во историјата на Лигата на шампиони каде во финалето се сретнале две италијански екипи. Милан победил по изведување на пенали откако по 90 минути и дополнителните 30 не бил постигнат гол. Со освојувањето на купот, Милан дошол до својот шести успех во Европскиот куп и Лигата на шампионите. НатпреварВо текот на натпреварот, Милан успеал да постигне погодок преку Андриј Шевченко, но истиот бил поништен бидејќи судијата сметал дека Руи Кошта му го блокирал погледот на Џанлујџи Буфон од офсајд-позиција, иако телевизиските реакции покажале дека португалецот се повлекол од видното поле на Буфон пред да биде упатен ударот. Антонио Конте речиси постигнал гол за Јувентус, откако влегол во игра како замена на почетокот од второто полувреме, но неговиот удар со глава го сопрела пречката. Андреја Пирло, исто така, погодил статива за Милан. Во второто полувреме, двете екипи започнале повеќе да размислуваат за одбрана на својот гол, отколку за напад. И Јувентус и Милан имаале повреди на своите одбанбени позиции. Игор Тудор се повредил на почетокот од натпреватор и бил заменет од Алесандро Бириндели, додека Роке Жуниор од Милан се повредил во продолженијата поради замор. Прегледот на пеналите предизвикало контроверзии кај некои навивачи, бидејќи повторувањата покажале дека Дида бил пред линијата на голот, кога ги спасил пеналите на Давид Трезеге, Марсело Залајета и Паоло Монтеро. Како и да е, Андриј Шевченко го извел победничкиот пенал и станал првиот украински фудбалер кој победил на Европскиот куп. Детали
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia