Фландриски класици![]() Фландриски класици — службена соработка помеѓу организаторите на класичните велосипедски трки одржувани во Фландрија. Била отпочната во 2010 година и се состои од шест трки, од кои Трката околу Фландрија, еден од петте монументи во велосипедските класици, се смета за најважна. Сепак, важни класици како Е3 Харелбеке и Курне-Брисел-Курне не се вклучени. МисијаМисијата на фландриските класици е да се обезбеди местото на фламанските класици во меѓународниот велосипедски календар. Со оваа организација го подобруваат статусот на помалите фламански трки. Соработката веќе успеала да постигне подобар датум за три од трките: Гент-Вевелгем ќе се одржува во недела помеѓу Милано-Санремо и Трката околу Фландрија; Схелдепрејс ќе се одржува помеѓу Трката околу Фландрија и Париз-Рубе, а Брабантсе Пејл ќе се одржува пред арденските класици, каде влегуваат Амстел Голд Рејс, Флеш Валон и Лиеж-Бастон-Лиеж. Класици
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia